Папата: Не жртвувајте ги младите за идолот „богот-пари“

Папата Фрањо ги прими сабота 23 мај во аудиенција членовите на здружението на италјанските христијански работници по повод 70 годишнината од основањето.

Во говорот истакна дека проблемите на денешниот глобален свет од претходниот се разликуваат по брзината и количината, а не по квалитетот. Неспоредлива е брзината со која денес се шири нееднаквоста. Тоа не може да се дозволи и потребно е да се бараат солидарни, праведни и реални практични алтернативи – рече Папата.

Потребен е одговор на глобалниот економски систем во чиј центар не е човекот туку идолот „богот-пари“ кој уништува и предизвикува култура на отфрлање: децата не се пожелни, се искористуваат или се убиваат пред да се родат; се отфрлаат старите луѓе така што немаат достоинствена грижа и лекови; пензиите им се бедни, а се отфрлаат младите, бидејќи се без работа. „Тие се материјал за отпад и жртва на ова општетство, световно и егоистично, кое се прикажува на богот –пари – предупреди Папата.

Човечкото достоинство се изразува и расте со работата која е „слободна, креативна, соработува и солидарна“ – рече Папата и подетално ги образложи тие четири фактори. Работата треба да биде слободна и како таква да се продолжи работата и присуството на Создателот. Многумина се искористуваат како робови што противречи со хармонијата на создаденото. „Треба да гарантираме работата да не биде средство за отуѓување, туку надеж и нов живот“ – рече папата Фрањо.

Креативноста на работата произлегува од фактот, како што рече Папата, дека секој човек е поет; односно дека може да „извлече“ од себе и од другите она доброто кое Бог го положил во нивните срца. Тоа е можно само во слободна и креативна работа. Не смееме да ги скратуваме крилјата на сите особено на младите“ кои можат многу да понудат – истакна Папата.

Заедничката работа ја изразува човековата дружељубивост. Ако исклучиво размислуваме економски, тогаш личноста ќе ја сметаме за средство, а не цел, тогаш работата ќе ја изгуби својата главна смисла: продолжување на Божјото дело за доброто на целото човештво. На крајот солидарна работа значи да пружиш поддршка на луѓе кои сакаат достоинствено да работат и да заработуваат за леб, да обезбедат за своето семејство, но ја немаат таа можност – рече Папата.

Светиот Отец понатаму ги поттикна членовите на здружението на италјански христијански работници да ги поддржуваат младите кои надвор од татковината бараат вработување. Им порача да бидат „координатори и движачи“ на новиот сојуз против сиромаштвото“, помагајќи на сиромашните, како и на оние кои се во опасноста заради губењето на работата или други околности да паднат во сиромаштво. Ги поттикна програмите на социјалната поддршка да не ги гледаат како „трошок“ туку како „развојна структура“.

На крајот Светиот Отец изрази желба дека во делувањето на нивното здружение во основата секогаш ќе биде христијанското вдахновение: трајната верност на Исус Христос и Божјото Слово и проучување и применување на социјалната наука на Црквата на новите предизвици на современиот свет.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот