На денешното сиромаштво на вредности и индивидуализам кои поттикнуваат осаменост и отфрлање, христијаните треба да се одговорат придвижувајќи се кон отвореност и подготвеност за сите работи да ги направат нови. Тоа е поттикот на папата Фрањо кој го упати го епископите на неколку италијански покраини, собрани до 31 август во Беневенто со цел да се донесе план за ревитализација на територија.
Смело да се соочиш со приблемите за територија, да бидеш утешително писуство таму каде неволјите се најголеми и да сведочиш со посебно внимание кон оние кои се во тешкотии, љубовта доживеана во средбата со Исус – истакна папата Фрањо во писмото кое го упати до учесниците на дводневната средба на епископите на неколку италијански покраини кој започна на 30 август во Беневенто. Повеќе од дваесет епископи се собраа со цел да изработат план за пасторално оживување на италијанските територии кои се повеќе се соочуваат со маргинализацијата, дњпопулација и економска криза.
Не дозволувајте тешкотиите, индивидуализамот и рамнодушноста кои го каратеризираат нашето време да ве спречуваат во делувањето – ги охрабри Папата епископите кои – како што пишува, се состануваат во заедништво и братство. Како христијани треба да одговориме со љубов и делување, а не резигнирани со прифаќање на денешното сиромаштво на средности; па „не“ на носталгичното жалење за минатото. Потребно е да се променат парохиите и црковните реалности во вежбални на христијанскиот живот, училишта за служење на ближните, а да се направи тоа треба погледот да биде полн со понизност и нежност – истакна Папата и на крајот повторно изрази благодарност за таа важна иницијатива, затоа што во разговорот можат да се утврдат аспектите и проектите корисни за народот.
Ватикан њуз/к.мк