Завршувајќи ја серијата катехези за светата Тајна Крштение, Светиот Отец објасни дека живото Христово присуство во нас е светилка која ги расветлува нашите чекори, ги насочува нашите избори и го грее нашето срце на патот кон Господ и нѐ прави способни да им помогнеме на другите.
Белата облека и запалената крштелна свеќа ги покажува духовните ефекти од светата Тајна Крштение. За тие два надворешни знаци говореше папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, на 16 мај 2018 година, завршувајќи ја серијата катехези за светата Тајна Крштение.
Облечете се во милосрдно срце
Папата во денешната катехеза потсети дека од првите векови новокрстение се облекувале во бела облека која го симболизира новиот и преобразен живот примен преку Христос и Светиот Дух. За поблиску да објасни што значи да се „облечеш во Христос“, Светиот Отец ги искористи зборовите на свети Павле кој ги упатил до Колосјаните: „И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството.“ (Колосјаните 3, 12-14)
Христос е светло!
Папата потоа зборуваше за пламенот на крштелната свеќа која се пали од воскресната свеќа. „Свештеникот говори: Примете го светлото Христово! Тие зборови потсетуваат дека ние не сме светлото, туку Исус Христос кој со своето воскресение од мртвите ја победи темнината на злото,“ истакна папата Фрањо. „Повикани сме да ја примиме неговата слава! Како што светлото од воскресната свеќа пали поединечни свеќи така и љубовта на воскреснатиот Господ го пали срцето на оној кој се крштева и го исполнува со толината и светлина, рече Светиот Отец додавајќи дека од таа причина уште од првите времиња Крштението исто така се нарекува „просветлување.“
Кога станува збор за деца, задачата е на родителите заедно со кумовците и кумите да водат грижа за негувањето на пламенот на крштелните благодати во своите мали помагајќи им да се упорни во верата. Христијанското воспитување е право на секое дете! – истакна папата Фрањо напоменувајќи дека христијанското воспитание ги води до лична потврда на верата во која се крстени и до постепено запознавање на Божјиот пламен во нив.
Дозволете крштелната благодат да донесе плод на патот до светоста
Потоа Папата објасни дека живото Христово присуство во нас е светлика која ги расветлува нашите чекори, ги насочува нашите избори и го грее нашето срце на патот кон Господ и нѐ прави способни да им помогнеме на другите.
Светиот Отец серијата катехези за светата Тајна Крштение ја заврши со цитат од апостолскиот поттик Gaudete et exsultate: „Дозволете крштелната благодат да донесе плод на патот до светоста. Нека сѐ биде отворено за Бог и затоа секогаш одлучувај се за Него, секогаш одново избирај го Бог. Не се плаши затоа што силата на Светиот Дух ти помага во тоа, а светоста е на крајот плод на Светиот Дух во твојот живот.“ (Gaudete et exsultate, 15).
РВ/к.мк