На 27 јуни 2019 година папата Фрањо ги прими учесниците на 41. Генерална конференција на Органиацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) и напомена дека искоренувањето на гладот во светот и борбата против недостаток од храна и пристап до вода за пиење и понатаму остануваат голем предизвик и покрај напредокот, кој е постигнат минатите децении
Имено, потребно е да се работи на причините, кои се трагедија за гладот во светот и кои пред сѐ се наоѓаат во недостатокот на чувство, рамнодушноста на многумин, како и на слабата општествена и политичка волја во одреден момент да се одговори на меѓународните обврски – рече Папата. Недостатокот од храната и вода не е внатрешна и само прашање на најсиромашните и најслабите земји, туку се однесува на секој од нас затоа што со нашето однесување сите учествуваме, на еден или на друг начин, поттикнувајќи и намалувајќи ги страдањата на многу наши браќа. Сите ние сме повикани да го слушнеме очајничкиот крик на нашите браќа и да ги преземеме сите мерки како тие би живееле со почит кон своите основни права – рече Папата.
Треба да го намалиме фрлањето и да ја подгинеме свеста за нашата општествена одговорност преку долгорочни и краткорочни вложувања, како младите генерации тоа сведоштво би го пренеле на идните, знаејќи дека таа општествена мака не може повеќе да се поднесува.
Постои јасна врска помеѓу нестабилната околина, несигурноста на храната и миграциските текови. Зголемувањето на бројот на бегалците во светот во последните неколку години ни покажа дека проблемот на една земја е проблем на целото човечко семејство.
Затоа е потребно да се промовира развој на земјоделството во најслабите краеви, зајакнувајќи ја отпорноста и одржливоста на почвата. Тоа ќе се постигне само со вложување и развивање на нови технологии, како со и развивање на иновативни и одговорни политки за развој – порача Светиот Отец.
Во таа смисла е важна улогата на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство и меѓународните организации, кои се соодветни за координација на одлучни и јасни мерки кои на сите, посебно сиромашните, гарантираат пристап до основните добра. Потсетувајќи на потребите за подршка на тие мултилатерални владини тела, приватни лица и граѓанските општества – рече Папата. Светиот Престол се зазема за соработка со организцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство, помагајќи ги меѓународните напори за искоренување на гладот во светот, гарантирајќи подобра иднина за нашата планета и целото човештво.
Ватикан њуз/к.мк