Папата: На човештвото му се заканува самоубиство

Папата: На човештвото му се заканува самоубиство

На човештвото му се заканува самоубиство – рече папата Фрањо зборувајќи за заканите од нуклеарното оружје, во текот на посетата на седиштето на Дикастеријата за промовирање интегрален човеков развој.

На 30 октомври 2017 година, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Грег Бурке објави дека следната недела во Ватикан ќе се одржи важна средба под наслов „Перспективите за светот без нуклеарно оружје и за интегрален развој.“

Светиот Отец – рече Бурке – одлучно работи на промовирање на условите потребни за свет без нуклеарно оружје, како што самиот истакна во март ова година во пораката упатена до учесниците на конференцијата на Обединетите нации, одржана за таа цел. Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, меѓутоа истакна дека не е исправно да се зборува за посредување на Светиот Престол, како што пренесоа некои италијански медиуми, во однос на кризата помеѓу САД и Северна Кореја.

Средбата која ја организира Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, ќе се одржи на 10 и 11 ноември 2017 година, во новата синодална сала во Ватикан. Во текот на посетата на спомнатата дикастерија на 30 октомври 2017 година, Папата повторно го истакна феноменот трговија со оружје – рече за Радио Ватикан, Фламинија Џованели. Папата ја осуди таквата трговија – според неговите зборови – која поттикнува и одржува живи жариштата на конфликтите, кои не се само жаришта за конфликти туку се наоѓаме во вистинска војна.

Зборувајќи за нуклеарното вооружување кое е закана, кое за жал, е присутно веќе со децении и кое често се заострува, како на пример во овие моменти, зборуваше токму за „самоубиство на човештвото“, за таа опасност од самоубиство на човечкиот род. Притоа изгори многу силни зборови – рече Џованели.

На новинарско прашање како дошло до идејата за средба во Ватикан, рече дека настанала по трагата на Договорот за забрана на нуклеарно оружје, кој е усвоен во јули и кој Светиот Престол, многу уверено го потпиша во септември. Сето тоа оди во насоката која ја сака Светиот Отец, со желба да се истакне нешто многу позитивно, барем симболично, што се случи со потпишувањето на тој договор.

Освен тоа – додаде таа – сведоци сме на сѐ поголема нуклеарна криза, заради тоа, таа средба навистина стана настан со посебна важност. Добивме одговор од сите инстанци кои ги поканивме и од меѓународната заедница и од добитникот на Нобеловата награда, од кои ќе бидат присутни од нив 11, а ќе слушнеме и сведоштва на преживеани во трагедијата во Хирошима – рече Фламинија Џованели.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот