„Ве повикувам да не градиме ѕидови, туку мостови, злото да го надминеме со доброто, навредата со простувањето, да живееме во мир со сите,“ стои во пораката на Папата на Твитер.
Папата Фрањо продолжува со кратките размислувања на Твитер, поттикнувајќи ги верниците во нивниот од во Великиот пост. Така во средата на 15 март 2017 година напиша дека Словото Божјо ни помага да ги отвориме очите за да го прифатиме и љубиме животот, посебно кога е слаб и ранлив. Следниот ден на 16 март, порача дека „Црквата сака да биде во близина на секој човек со љубовта, сочувството и утехата која доаѓа од Христос.“
На 17 март 2017 година на својот профил на Твитер потсети дека „да се пости не значи само да се воздржува од јадење, туку од било која неуредна наврзаност, а посебно од гревот.“ На 18 март 2017 година се осврна пак на една од своите најомилени теми: да се брадат мостови, а не ѕидови. „Ве повикувам да не градиме ѕидови, туку мостови, злото да го надминеме со доброто, навредата со простувањето, да живееме во мир со сите,“ стои во пораката на Папата на Твитер.
РВ/к.мк