На 23 април, Црквата го слави празникот на свети Георги и именденот на папата Фрањо – Хорхе Марија Берголио.
Не да примаш, туку да даруваш! Тоа е Духот со целосен евангелски мирис според кој се разликува денешниот ден кога Црквата го слави свети Георги, маченик кој починал во 303 година, затоа што во времето кога римскиот цар Диоклецијан ги прогонувал христијани, не се откажал од верата. Традицијата се сеќава на оној кој заштитен со крстот, го убил змејот кој ги проголтувал луѓето, односно како симбол на верата која го победува на злото.
Тоа е прекрасен знак токму денес кога Светиот Отец не прима дар, туку им дарува на другите – рече кардинал Конрад Крајевски, Папскиот делител на милостина, зборувајќи за непосредната испорака која ја опиша како „Папска прегратка“ во тешката ситуација за целиот свет. Романија поминува низ вистинска несреќа. Се смета дека во малиот град Сусева каде ќе бидат испратени респиратори, речиси сочинуваат 25% од вкупно заразените на национално ниво. Тоа е градче кое се наоѓа во најсиромашниот дел на земјата и во Европската унија, во карантин заедно со неколку соседни општини.
Во Романија има речиси 10.000 заразени и повеќе од 515 починати. Респираторите и целиот материјал кој го подарува Папата ќе биде однесен со авион со кој ќе патуваат и 11 лекари и шест здравствени работници од Романија кои на 7 април, романската влада ги испрати во градот Лече за да помагаат во Италија во најтешкиот момент во борбата против коронавирусот.
По тој повод Папата одлучи и на Шпанија и Италија, земји посебно погодени од пандемијата од Ковид-19, да им подари респиратори, кои се неоходни за лекување на заразените од коронавирусот, како и разен материјал за заштита – маски, наочари за лекарите и здравствениот персонал.
До Папата пристигнуваат честитки од целиот свет. Претседателот на Италија Серџо Матарела во својата вeлигденска порака му се заблагодари на папата Фрањо за зборовите полни со надеж кои повеќе пати ги упати до Италија и исто така му изрази честитки за Велигден.
Ватикан њуз/к.мк