Папата: На разорениот свет му треба мирисот од лебот на љубовта

Папата: На разорениот свет му треба мирисот од лебот на љубовта

Папата Фрањо ја предводеше светата Литургија на празникот Тело и Крв Христови, во недела 2 јуни 2024 година и размислуваше за важноста на Евхаристијата за донесување мир во нашите срца и нашиот свет разорен од војна.

„Бог не нè напушта, туку секогаш нè бара, нè чека и нè придружува, дури и до степен беспомошно да ни се предаде во раце“.

Папата Фрањо ова го истакна во својата проповед на светата Литургија во базиликата Свети Иван Латерански, кога Црквата го слави празникот на Пресветото Тело и Крв Христови.

Евхаристиското славење заврши со евхаристиска процесија до базиликата Света Марија Велика.

Евхаристискиот став учи на почитување

Во проповедта на светата Литургија, Светиот Отец се задржа на Евхаристискиот леб и зборуваше за три теми: „благодарност, сеќавање и присуство“.

Лебот, истакна тој, е храна на секојдневието, со која ни се приближи Господ. Евхаристијата, додаде папата Фрањо, не учи да бидеме благодарни за многубројните Божји дарови во нашите животи, со правилно користење на нашите таленти и вештини.

„Да се заблагодариме, тоа е нашето послание“, рече Папата. „Иако би можеле да додадеме уште многу начини да искажеме благодарност, ова е важен „евхаристиски“ став, бидејќи нè учи да ја цениме вредноста на она што го правиме и нудиме“.

Вистинска слобода во служењето

Папата Фрањо се осврна на важноста да се потсетиме на Христовите страдања, смрт и воскресение. Давајќи ни го Своето Тело и Крв, Исус нè научи да се даваме себеси како жртва за луѓето во потреба и на оние околу нас.

Некои велат дека вистинската слобода значи да размислуваме само за себе, да уживаме во животот правејќи што сакаме без да внимаваме на другите“, рече Папата. „Ова не е слобода, туку скриено ропство“. Вистинската слобода, рече тој, се наоѓа кога се наведнуваме да им служиме на другите, „мотивирани исклучиво од љубовта“.

Улици исполнети со леб на љубовта

Размислувајќи за реалното присуство на Христос во Евхаристијата, Папата истакна дека Бог никогаш не нè напушта, туку чека да Го примиме во облик на леб.

„Неговото реално присуство, исто така, не повикува да бидеме блиски со нашите браќа и сестри каде и да не повика љубовта“, рече папата Фрањо.

На нашиот свет, додаде тој, очајно му е потребен Лебот на Евхаристијата, за улиците полни со урнатини и уништувањето на војната да се вратат во мирни места исполнети со мирис на свежо печен леб.

„Итно треба да се врати во нашиот свет добрата, свежа арома на лебот на љубовта, да продолжиме неуморно да се надеваме и да го обновуваме она што омразата го уништува“, рече Папата.

Повикување другите да го следат Христа

Како заклучок, папата Фрањо рече дека евхаристиската процесија од свети Иван Латерански до Света Марија Велика не е блескав израз на верата. „Ние не го правиме ова за да се покажеме“, заклучи тој, „или за да се пофалиме со нашата вера, туку за да ги поканиме сите да учествуваат во Лебот на Евхаристијата, во новиот живот што ни го дарува Исус“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот