Папата на празникот Сите Светци: Заедништво на небото и земјата се остварува на највозвишен начин во Литургијата

Пред молитвата Ангел Господов на 1 ноември папата Фрањо ги потсети собраните верници дека првите денови од ноември се моменти на верата, молитва и размислување за „последните работи“. „Славејќи го празникот Сите Светци и сеќавајќи се на сите покојни верници, ходочасничката Црква на земјата во Литургијата ја живее и изразува духовната победа која ја соединува со небесната Црква“. Голема утеха е – рече Папата – да мислиш дека нашите драги починале во заедништво со Дева Марија, апостолите, мачениците и сите светци на небесата.

Папата истотака потсети дека денешниот празник нè насочува кон една од основните вистини на христијанската вера, на општеството на светците. „Тоа општество е родено од верата и ги обединува сите оние кои преку крштението припаѓаат на Христос. Станува збор за духовно заедништво кое со смртта не престанува, туку продолжува во другиот живот “ – рече Папата, објаснувајќи дека станува збор за неуништлива врска помеѓу живите и оние кои го поминале прагот на смртта; така правиме едно единствено и големо семејство.

Тоа заедништво на небото и земјата се остварува на највозвишен начин во Литургијата, најмногу во славењето на Евхаристија – рече Папата. Во неа го среќаваме живиот Исус и стапуваме во заедништво со браќата во верата – оние на земјата и оние кои поминале во живот без прекин. Тоа заедништво нè исполнува со радост бидејќи имаме многу помошници на патот кон небото.

„Во големото заедништво на светците, Бог сака да го задржи првото место за Исусовата Мајка. Марија е во центарот на општеството на светците, како единствен чувар на поврзаноста на универзалната Црква со Христос, како и врската со семејствата“ – истакна Светиот Отец и додаде: „За оној кој сака да го следи Исус на неговиот евангелски пат, Марија е сигурен водач бидејќи таа е прва ученичка. Таа е грижлива мајка на која можеме да и ги довериме сите желби и тешкотии.“

После молитвата Ангел Господов, Папата рече дека денешната Литургија зборува за небесниот Ерусалим и ги повика верниците да молат за светиот град, кој овие денови е место на бројни тензии, за да биде знак на мирот, кој Бог го сака за целото човечко семејство. Папата потсети и на беатификацијата на маченикот  Педро Асуа Мендија кој е убиен за време на граѓанската војна во Шпанија. Поздравувајќи ги собраните ходочасници, Светиот Отец ги замоли да молат за него и ги отпушти со својот вообичаен поздрав.

РВ/Д.И.

 

Категорија: Ватикан

За авторот