Папата на Крстниот пат со младите: Исус продолжува да патува со нас

Папата на Крстниот пат со младите: Исус продолжува да патува со нас

На побожноста Крстен пат во лисабонскиот парк Едвард VII, папата Фрањо ги потсети младите дека Исус и денес оди со нас, исполнет со љубов и надеж кон секој од нас

Крстот присутен на секој Светскиот ден на млади е слика за Христовиот пат до Голгота, свет знак на најголемата љубов, љубовта со која Христос сака да ги прегрне нашите животи, рече папата Фрањо во петок вечерта на 4 август 2023 година на побожноста Крстен пат во Лисабон.

Крстот ни ја покажува вистинската убавина на љубовта, продолжи Римскиот бискуп и додаде: Убавината на распнатиот Христос е голем парадокс на нашата вера. Тоа е убавината на љубовта која целосно се дава за тебе и за мене, за секој од нас. Тоа е убавината на љубовта која ги носи белезите од нашите рани.

Папата Фрањо истакна дека и денес Исус оди со нас… патувајќи покрај нас, никогаш не запира, никогаш не двоумејќи се, никогаш не прашувајќи се дали вреди, исполнет со надеж и љубов кон нас.

Исусовата надеж за нас

Но, каква е Исусовата надеж за нас?, праша папата Фрањо. Исус, рече тој, сака да ги отвори прозорците на нашите души… да ги исуши нашите тајни солзи со својата нежна љубов… да ја олесни нашата осаменост, да ги подигне тешките товари што ги носиме во нашите срца и да ги излечи раните од нашите гревови.

Правејќи го тоа, Исус ни овозможува да станеме примери за великодушност, на живот поминат во грижа за сиромашните меѓу нас, на одговорност за потребите на нашето време, нашето општество и убавината на созданието.

Тоа е, рече Папата, цитирајќи го свети Павле VI, затоа што Он, кој е тајната на историјата, клучот на нашата конечна судбина, патува до Голгота и наместо нас се воздигнува на Крстот.

Отворање на нашите срца за Исус

Своето размислување Светиот Отец го заврши со молба до младите: Да му ги пренесеме на Исус мачните извици на нашето исушено човештво кое жеднее за мир. Да гледаме со доверба кон Господа, кој е „нашиот мир“. Да ги отвориме нашите срца за Исус, чија страна беше прободена за нас. Да веруваме во Него. Крвта и водата кои потекоа од Неговата страна нека не измие, прочисти и преобрази. Нека нè направи ревни пророци на Евангелието и бестрашни сведоци на надежта.

Крстниот пат

Според организаторите на Светскиот ден на млади 2023 година, целта на Крстниот пат оди подалеку од само потсетување на страдањата што Христос ги претрпе. Овој вид на молитва сугерира да размислуваме и да дозволиме да бидеме опфатени од димензијата на великодушна љубов, давајќи ги нашите животи за животите на другите.

Темите за Крстениот пат во рамки на Светскиот ден на млади, предложени од самите млади луѓе, се осврнуваат на раните и слабостите присутни во животот на денешните млади луѓе, вклучително и сиромаштвото, осаменоста, нетрпеливоста, уништувањето на создаденото и зависноста.

Пронаоѓање сила во Исус

Поврзувањето на современите слабости со 14 постојки од Крстниот пат има за цел да создаде атмосфера на длабока молитва, преку која секој може да ја препознае силата и мотивацијата кои ги добива од Исус, и во моментите на светлина и темнина во живот.

Тоа води до молитва, следејќи го Исус на Неговиот тежок пат до Голгота, нè исполнува со надеж и мотивација да ја прифатиме иднината, соочувајќи се со нејзините предизвици како што правеше Исус… со сила на верата, надежта и љубовта.

Музика, уметност и сведоштво

Постојките на Крстниот пат, еден од најсвечените и најтрогателните настани на секој Светски ден на младите, беа придружени со традиционална и современа музика, како и серија слики што ја претставуваат секоја потојка, создадени од уметникот, отец Нуно Бранко, Исусовец.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот