Папата на Генералната аудиенција: Црквата е Мајка

Во катехезата за време на Генералната аудиенција на 7 јануари 2015 одржана во салата Павле VI, Папата продолжи за зборува за Црквата како Мајка, која во човечкото општество игра центална улога. Светиот Отец потсети на тоа дека календарската година започнува со празникот Марија Богородица, по што следува празникот Богојавление, кога Мајката откако го родила Исус го преставува на светот; ни го дарува и ни Го покажува.

Секоја човечка личност својот живот го должи на својата мајка и речиси секогаш се должи многу на неа; самиот живот и човечкото и духовното воспитание. Па сепак мајката – симболички гледано – дури ако е и многу возвишена, малку и се посветува внимание и малку и се помага во секојдневниот живот во остварувањето на централната улога која ја има во човечкото семејство. Уште повеќе, неретко на нејзината подготвеност да се жртвува за своите деца, општеството штеди.

И во христијанската заедница се случува на мајката да не и се даде секогаш улогата која и припаѓа и ретко кога и се посветува потребното внимание. Во центарот на животот на Црквата стои Исусовата Мајка – рече Папата и се запраша нели треба мајките заради својата подготвеност на толку жртви за своите деца да имаат повеќе внимание? Би требало подобро да ја сфатиме нивната секојдневна борба – смета Светот Отец – во настојувањето на работата да бидат ефикасни, а во семејството внимателни и чувствителни; би требало подобро да сфатиме кон што се стремат со желба да дадат поголеми и веродостојни плодови.

Мајките се најдобриот лек против себичниот индивидуализам „индивидуа“, „поединец“ или „единка“ значи „она што е неделиво“. Мајките напротив се „делат“ почнувајќи од моментот кога ќе го прифати зачнатото дете за да го даде на светот и да го одгледа. Тие се оние кои најмногу се гнасат од војните кои ги убиваат нивните деца… Многу пати – додаде Папата – помислив на мајките кои примаат писмо со кое ги известуваат дека синот им загинал во чесната борба за одбрана на татковината; толку многу страдаат.

Тие ја сведочат убавината на животот рече Папата и спомна на проповедта на архепископот Оскар Арнулф Ромеро кој знаел да каже дека мајките живеат „мајчинско мачеништво“. Во својата проповед на погребот на застреланиот свештеник, рече – повторувајќи ги зборовите од Вториот ватикански собор: „Сите треба да бидеме подготвени да умреме за својата вера, дури ако Бог не ни ја подели таа чест…

Да дадеш живот – ги пренесува папата Фрањо зборовите на епископот – не значи само „да бидеме убиени“. Дали „дадениот живот“ има дух на мечеништво се гледа и во должностите, во тишината, во молитвата, во чесното и искреното исполнување на должностите; во тишината на секојдневниот живот; во давањето живот. Малку по малку? Да, како што го дава мајката која без страв и со едноставноста на своето мајчинско мачеништво, во својата утроба зачнува дете го донесува на свет, го дои и одгледува и за него се грижи со љубов. Тоа значи „да дадеш живот“: тоа е мачеништво.“

Да бидеш мајка не значи само да родиш, туку тоа е и животен избор, начин на живот, избор да се дарува живот, што е големо и убаво – смета Светиот Отец и додаде дека општеството без мајките би било нехумано бидејќи мајките секогаш – па и во најтешките моменти – знаат да ја сведочат нежноста, преданоста и моралната сила. Мајките често ја пренесуваат и најдлабоката смисла на верската пракса: во првите молитви, во разни гестови во побожностите кои детето ги учи запишана е вредноста на верата во животот на човечкото битие. Таа е пораката која мајката верничка знае да ја пренесе без никаво објаснување: кое треба да се даде подоцна, но семето на верата се наоѓа во оние први, скапоцени моменти.

Без мајки не само што ќе нема нови верници, туку и верата би изгубила од својата едноставна и длабока топлина. А Црквата е наша Мајка; не сме сираци, туку имаме мајка – поттикна папата Фрањо и додаде дека и Богородица и Црквата се наши Мајки. Синови сме на Црквата и синови на Богородица – синови на две мајки, рече Папата и додаде: Драги мајки, ви благодарам, ви благодарам за она што сте во семејствата; за она што го дарувате на Црквата и светот – заврши Светиот Отец.

 РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот