ПАПАТА НА ГЕНЕРАЛНАТА АУДИЕНЦИЈА: ЛИТУРГИЈАТА Е ПРИВИЛЕГИРАНО МЕСТО ЗА СРЕДБА СО БОГ

“Литургијата, училиште за молитва” беше темата на катехезата на папата Бенедикт XVI за време на генералната аудиенција, која се одржа на плоштадот Свети Петар. Светиот Отец потсети дека Вториот Ватикански Собор ги започнува своите работни сесии токму со развој на шемата за Светата Литургија, истакнувајќи го приматот на Бога. Најважно во дијалогот со Бог за време на Литургијата, истакна Папата, е “хармонијата меѓу реченото и она што го носиме во своето срце”.

“Како можеме да му дозволиме на Светиот Дух да не формира?”, реторички праша папата. Првото училиште за молитва, посочи “е Словото Божјо, Светото Писмо”, постојаниот дијалог меѓу Бог и човекот.  Друг “непроценлив простор” и извор за напредување во молитвата е литургијата, додаде папата, говорејќи дека Катехизмот на Католичката Црква ја опишува литургијата како “служење на народот во корист на народот”:

“Божјиот народ не постои, поради крвните врски или врската со одредена територија или нација, туку се раѓа од делото на Синот Божји и од заедништвото, кое Тој го добива од Отецот”.

Папата потсети дека пред 50 години Вториот Ватикански Собор ја започнува својата работа со дискусија за Светата Литургија. Она што на прв поглед може да изгледа случајност, истакна папата, се покажа всушност правилен избор, бидејќи “со темата за литургијата соборните отци поставија” појасен начин во примарната светлината на Бога, неговиот апсолутен приоритет”:

“Бог е над сè: токму тоа ни го кажува одлуката на Соборот да започне од литургијата. Таму каде погледот на Бог не е одлучувачки, секое друго нешто ја губи својата ориентација. Основниот критериум за Литургијата е нејзината насоченост кон Бога, за да може на тој начин да учествува во Неговото дело”.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<