Папата на Вечерната молитва во Тирана: Луѓето денес бараат понизни сведоци на Божјото милосрдие и нежност

На Вечерната молитва во катедралата во Тирана за време на посета во Тирана на 21 септември, папата Фрањо порача на албанските свештеници, монаси, монахињи и претставниците на лаичките движења и покрај многуте тешкотии мора да имаат сила да излезат и да им служат на оние кои се во потреба. Папата потсети на оние пастири кои платиле висока цена на атеистичкиот режим, искусувајќи затвор и прогони заради својата верност на Христос. Кога љубовта кон Христос ја ставиме над сè, рече папата Фрањо тогаш сме способни да излеземе од себе, од нашите лични или заеднички ограничености и да тргнеме кон Исус Кој ни доаѓа во нашите браќа и сестри. Неговите рани и денес се видливи на телата на толку мажи и жени кои се гладни и жедни, кои се понижени, кои се во болница или во затвор. Тоа што денес луѓето го бараат, заврши папата Фрањо не се стручњаци, туку понизни сведоци на Божјото милосрдие и нежност.

ИКА/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот