Во видео-порака до вселенскиот патријарх Вартоломеј I, папата Фрањо му ја честиташе 30. годишнината од службата Цариградски патријарх, посакувајќи му „уште многу лета“.
Папата посакува Господ да му даде на патријархот Вартоломеј I многу здравје, мир и духовна радост – и „хумор – уште повеќе!“ – „Хронија полос – Ad multos annos!” така Римскиот бискуп му честита на цариградскиот патријарх Вартоломеј I за триесетгодишнината од изборот на Престол на Свети Андреј. Папата, исто така, ги истакна добрите меѓусебни односи на двајцата духовни водачи што ги негуваат откако вселенскиот патријарх присуствува во Рим пред девет години, кога папата Фрањо ја презеде Петровата служба. Оттогаш, нивните односи се развиваат преку многу средби, не само во Рим, туку и во Истанбул, Ерусалим, Асизи, Каиро, Бари и Лезбос.
Папата ја нагласува и заедничката свесност за нивната пасторална одговорност пред големите предизвици за целото денешно човечко семејство, а особено ја нагласува посветеноста на патријархот за грижата за созданието, како и неговото сведочење и пораки за време на пандемијата. Тој, исто така, истакнува дека патријархот Вартоломеј секогаш укажувал на дијалогот, со милост и вистина, како единствен начин да се помират сите кои веруваат во Христа и да се воспостави нивното полно единство, истакнувајќи ја желбата да продолжи по тој пат.
Ватикан њуз/к.мк