Папата телефонираше со првиот американски епископ кој се придружи на мирниот протест против расизмот
Папата Фрањо во средата му се јавил на епископот Ел Пасо Марк Сеиц откако овој епископ учествувал во молитвениот протест за Џорџ Флојд, пренесе CNA.
Епископот на локалните медиуми им раскажал дека телефонскиот повик го примил утрото на 3 јуни, а траел две до три минути. Папата и епископот разговорале на шпански, а папата Фрањо во текот на повикот му честитал на епиксопот во државата Тексас.
„На Светиот Отец му реков дека чувствував должност да ја покажам нашата солидарност кон оние кои стрдаат“, изјавил епископот.
Епископот Марк Сеиц беше првиот католички епископ кој по смртта на Флојд се придружи на протестите против расната неправда и полициската бруталност. Заедно со група свештеници од својата бискупија Сеиц на 1 јуни девет минути коленичел во молитва за Флојд.
Папата Фрањо истиот ден се јави и на претседателот на Американската епископска конференција надбискупот Хозе Гомез за да ја изрази својата близина и солидарност со Американците во текот на овој тежок период на немири.
Инаку, папата Фрањо во средата наутро за време на Генералната аудиенција преку livestream им се обрати на сите Американци католици и ги повика да се молат за душата на Џорџ Флојд и за сите жртви на расизмот. Исто така нагласи дека со насилството ништо не може да се помогне. „Да молиме за утеха на семејството и тагата на скршените пријатели како и за национално помирување и мир за кој чезнееме,“ изјави во таа прилика папата Фрањо.
Битно.нет/к.мк