Папата: Молитвата е светилката на христијанскиот живот

Молитвата го осветлува патот на христијаните – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 7 јуни 2016 година опоменувајќи ги христијаните да не бидат како блуткава сол, а притоа ги поттикна да го победат искушението на „духовноста на огледалото“.

Осврнувајќи се на делот од литургиското Евангелие, папата рече дека Исус секогаш користи „разбирливи зборови и споредби за да сите можат да ја сфатат пораката.“ Од каде заклучокот дека христијанинот треба да биде светлина и сол. Ниту светлина, ниту сол не се заради себе: светлината е за да ги осветлуваат другите, а солта за да се посолат и чуваат другите – рече Папата.

Молитвата е христијанска светлина за осветлување

Што христијанинот треба да направи за да не снема светлина и сол, за да не снема масло за светилките? – праша Папата. Која е светилката на христијанинот за осветлување? Тоа е молитвата. Сакаш да правиш многу работи, дела исто така и дела на милосрдието, можеш многу работи да направиш за Црквата – католички универзитет, академија, болница… може како добротвор Црквата да ти подигне споменик, но ако не молиш сè останува во темнина. Колку дела се во темнина затоа што нема светлина затоа што недостасува молитвата. Молитвата одржува, дава живот на христијанското светло за да осветлува. Тоа го прави сериозната молитва, почитувањето на Бог, благодарноста на Пресветата Троица, благодарната молитва исто така и просителна молитва, секоја молитва која излегува од длабочината на срцето – рече папата Фрањо.

Христијанинот со Евангелието му дава вкус на животот на другите луѓе

Евангелието е масло, тоа е светилката која ја одржува светлината. Не се осолува солта. Солта станува сол кога се дава, а тоа е втората карактеристика на христијаните: давајќи се, даваш вкус на животот на другите, со Евангелието даваш вкус на многу работи. Се даваш не чувајќи се за самиот себе. Солта не е за христијаните, солта е за другите. Христијанинот ја има за да ја даде на другите, солта е затоа за да се дава, солта не е заради самата сол. Светлината и солта се за другите. Светлината не се осветлува себе, солта не се соли себе – објасни Папата напоменувајќи:

Некој би можел да праша до кога ќе траат светлината и солта ако се делат без престан. Папата одговара дека христијанинот е солта која Бог ја дарува во Крштението, се дава како дар и постојано се прима ако на другите се дарува, осветлувајќи и давајќи. Никогаш не престанува – објасни Папата.

Искушението на духовноста на огледалото

Осврнувајќи се на првото читање Папата рече дека треба да се чуваме од искушението на „духовноста на огледалото“. За пример ни ја дава вдовицата од Сарепта која му поверувала на пророкот Илија и така не исчезнало ниту брашното, ниту маслото. Папата ги поттикна христијаните со своето светло да осветлуваат, но да се чуваат од искушението да се осветлуваат самите себе затоа што тоа е многу грдо, тоа е малку „духовност на огледалото“: се осветлувам самиот себе. Треба да се чуваме од тоа искушение, треба да бидеме светло за осветлување, да бидеме сол за солење и чување на другиот – поттикна Папата.

Завршувајќи ја проповедта Папата повтори дека светлината и солта „не се заради самите себе“ во добрите дела треба да се дадат на другите. Така вашето светло нека свети пред луѓето. Зошто? За да ги видат вашите добри дела и да го фалат вашиот Отец кој е на небесата. Нека Бог ни помогне секогаш да се грижиме за светлото, да не го сокриваме, туку да го воздигнуваме нагоре. А солта треба „да се даде онолку колку е потребно секогаш да се дава затоа што така расте.“ Солта и светлината се добрите дела на христијаните – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот