Папата: Молитвата е првата задача на епископот

Папата: Молитвата е првата задача на епископот

Папата Фрањо на празникот свети Јосиф во базиликата Свети Петар за епископи хиротониса тројца членови од Папскиот дипломатски кор.

Светиот Отец во својата проповед истакна дека епископот опкружен со неговите свештеници е самиот Господ Исус Христос станувајќи Велик свештеник засекогаш, присутен меѓу нас. Па преку епископското послание, самиот Христос никогаш не пропушта да го навести Евангелието и да ги дели светите Тајни на верата на оние кои веруваат.

Светиот Отец ги потсети идните епископи дека епископската служба е служба на ближните, а не чест. Тој им рече дека тие се избрани од луѓето за луѓето за да се грижат за работите кои се однесуваат на Бог. Папата Фрањо во тој контекст ги предупреди дека не се избрани за други нешта, за други работи, за световност, за политика. Исто така ги замоли да бегаат од искушението да станат принцеви.

Папата рече дека првата задача на епископот е молитвата. Папата Фрањо предупреди дека епископот кој не моли не ја извршува својата должност, не го исполнува своето звање. Што се однесува до оние кои учествуваат во епископското послание, Светиот Отец побара од епископот да биде во близина на диоцезантското свештенство. Кога свештениците ќе побараат средба со епископот, треба да може да се сретнат со епископот тој ден или најдоцна ден откако побарале средба.

Додаваме на крајот дена новохиротонисаните епископи се монс. Валдемар Станислав Сомертаг од диоцезата Пелплин од Полска, а кој на 15 февруари оваа година е именуван за Апостолски нунциј во Никарагва; потоа монс. Алфред Ксуереб од диоцезата Гозо од Малта, кој на 26 февруари оваа година е именуван за Апостолски нунциј во Кореја и Монголија; и монс. Хозе Авелино Бетанкурт од надбискупијата Отава од Канада кој на 26 февруари ова година е именуван за Апостолски нунциј во Грузија и Ерменија.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот