Евангелието од денешната Литургија го прикажува Исус како се враќа во Назарет и во саботата започнува да поучува во синагогата – рече папата Фрањо на плоштадот Свети Петар во недела 8 јули 2018 година на собраните верници, пред пладневната молитва Ангел Господов. Откако замина и започна да проповеда по околните градови и села, Исус не беше престојувал во својот крај. Поради тоа целиот тој крај дојде да го слуша синот на народот за кого се рашири глас по Гаилеја и пошироко како за мудар учител и моќен исцелител. Но, она што можеше да се покаже како успех, се претвори во гласно одбивање до таа мерка што Исус не можеше да направи никакво чудо, туку само неколку оздравувања.
Настаните од тој ден ги опишува евангелистото Марко – рече папата Фрањо и продолжи: Луѓето во Назарет најпрво слушале и се чуделе, а потоа се прашувале збунети: Од каде во Него ова? И каква е оваа мудрост и на крајот се соблазнија заради него препознавајќи го како дрводелец, син на Марија кој го гледале како расте. Затоа Исус завршува со изрека која стана како поговорка: „Пророкот никаде не останува без почест, освен во својата земја, меѓу роднините, и во својот дом.”
Се прашуваме: Како тоа сограѓаните на Исус преминуваат од чудење во невера? – истакна Светиот Отец и додаде? Тие го споредуваат скромното Исусово потекло и Неговите тогашни способности; Тој е дрводелец, не ги проучувал писмата, а сепак проповеда подобро од книжниците и прави чуда. Наместо да се отворат за тој факт, се соблазнуваат. Според Назарејците Бог е премногу голем за да се понижи како би разговарал преку еден така едноставен човек.
Тоа е соблазната на овоплотувањето – напомена Папата и потврди: Тоа е чудесен настан за Бог кој се овоплоти, кој мисли со човечки ум, работи и делува со човечки раце, љуби со човечко срце, Бог кој се мачи, јаде и спие како еден од нас. Синот Божји го променува секој човечки пан, не се учениците тие кои му ги измиле нозете на Господ, туку Господ е тој кој ги изми нозете на учениците. Тоа е причина за соблазна и неверие не само во тоа време, туку и во секој период, па и денес.
Промената која Исус ја направи ги обврзува учениците вчера и денес да се преиспитаат лично, но и заедницата – рече Светиот Отец и истакна: И во наше време, имено, може да се случи да подржуваме предрасуди, кои пречат да се прифати реалноста. Но Господ денес нѐ повикува да прифатиме став на понизно слушање и послушно исчекување, бидејќи милоста Божја често ни се прикажува на изненадувачки начин, кој не одговара на нашите очекувања.
На пример, да се присетиме заедно на Мајка Тереза од Калкута, која одела по улиците и ги прибирала оние на умирање за да имаат достојна смрт. Таа мала чесна сестра со своите молитви и дела направила чудни работи! Маленкоста на една жена го измени од темел каритативното делување на Црквата. Тоа е пример од нашите денови – рече папата Фрањо. Бог не се прилагодува на предрасудите – нагласи Папата и напомена: Мораме да настојуваме да го отвориме срцето и паметот како би ја прифатиле Божјата реалност која ни доаѓа во пресрет. Станува збор дека треба да имаме вера. Недостатокот од вера е пречка за милоста Божја. Многу крстени живеат како Христос да не постои. Ги повторуваат гестовите и знаците на вера, но тие не одговараат на нивната јасна припадност за Христос и Неговото евангелие. Секој христијанин, сите ние, секој од нас е повикан да ја разбуди таа основна припадност, настојувајќи да сведочи со доследен начин на живот, чиј што водич секогаш ќе биде љубовта.
Да го молиме Господ, преку застапништвото на Блажена Девица Марија, да ги омекне тврдите срца и ограниченоста на умовите како би биле отворени за Неговата милост и вистина, како и за Неговата добрина и милосрдие, кое е упатено до сите, без ралзика – рече Светиот Отец на крајот од својот пладневен говор.
Ватиканњуз/к.мк