Папата: Мисијата на спортистите е да бидат добар пример за следење

„Спортот покрај образованието и трудот е еден од трите главни столба на младите“. Ова го истакна папата Фрањо пред претставниците на Италијанската тениска федерација, кои ги прими во петок 8 април во аудиенција во Ватикан.

Папата потврди дека Црквата „е заинтересирана за спортот, бидејќи спортот им се допаѓа на сите и признава дека спортската активност влијае врз формирањето на личноста, врз односите и духовноста“:

„Вие, спортистите, имате мисија: да бидете добар пример на оние кои ви се восхитуваат“, охрабри Светиот Отец.

Папата Фрањо се обрати и до раководителите и тренерите да бидат „сведоци на човечките вредности“, како и „учители на поголема лојална и чиста спортска активност“:

 „Вашиот спорт има голема конкуренција, но тензиите и желбата да се постигнуваат значителни резултати никогаш не треба да ве тера да се служите со измами, какви што се случаите на допинг. Колку грда и неплодна е таа победа, која се постигнува со непочитување на правилата и со лажење на другите!“.

Папата го охрабри секој спортист „да се натпреварува не само во спортот“, но и во животот, во потрага на доброто, на вистинското добро, без страв, со храброст и ентузијазам“:

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот