Поздравувајќи ги ходочасниците на Генералната аудиенција во среда 4 мај 2022 година, папата Фрањо повика на молитва Света Бројаница секој ден во мај, молејќи ја Богородица за ново спокојство за Европа и целиот светот.
Принуден да седи поради болки во коленото кое сè уште го мачи, папата Фрањо на Генералната аудиенција ја изрази својата желба сепак да поздрави што повеќе луѓе, извинувајќи се уште еднаш за повредата што го спречува во неговите ативности. Тој повика да ги довериме светските кризи на Богородица, молејќи се овој месец со посебна ревност.
„Ве повикувам да го повикате нејзиното застапништво за вашите лични накани, за накнаите на Црквата и за мирот во светот“, рече Папата во обраќањето до ходочасниците кои зборуваат германски.
Истиот повик го упати на различни начини до ходочасници од други земји. Обраќајќи им се на полските ходочасници кои завчера го славеа празникот на Пресвета Богородица, Цаирца на Полска, Папата им рече: „Во Јасна Гора се сетивте на блажениот кардинал Вишински кој ве научи да и верувате на Марија во најтешките моменти од вашата историја. Следејќи го неговиот пример, доверете ѝ ја на Пресвета Богородица судбината на вашата татковина и мирот во Европа“.
На португалските ходочасници им рече: „Само што го започнавме месецот мај, кој традиционално ги повикува христијаните да ги умножат секојдневните моменти за почитување на Дева Марија. Тајната на нејзиниот мир и храброст беше токму оваа сигурност: „Ништо не е невозможно за Бога“. Ова треба да го научиме со Богородица; да бидеме благодарни молејќи секој ден Света Бројница.
Ватикан њуз/к.мк