Папата: Милосрдието е понизно, а не борбено

Папата: Милосрдието е понизно, а не борбено

Во говорот до Малите сестри на Исус, монахињи вдахновени од искуството на Шарл де Фуко, папата Фрањо ги повика да го прифатат предизвикот на Христовата љубов, напуштајќи ја автореференцијалноста и рутината за да се посветат на оние на кои им е потребна помош: Вие не сте монахињи за реклама: колку повеќе сте скриени, толку повеќе сте божествени“

Барање на Бога, сведочење на Евангелието и љубовта за скриениот живот – ова се карактеристиките за искуството на Шарл де Фуко кое папата Фрањо ги истакна како насоки во својот говор упатен до Малите сестри на Исус, кои ги прими во аудиенција во понеделник, 2 октомври 2023 година по повод нивното Генерално собрание. Папата најнапред истакна дека е многу важно да се негува слушањето на Словото, со обожавањето пред дарохранителницата, бидејќи на тој начин – како што рече – срцата ги отвораат патиштата за Бога, кој не врши насилство врз луѓето, туку вдахновува креативни мисли за придржба, достапност и служење.

Исус ви ја нуди својата љубов, а на вас е да го прифатите предизвикот, оставајќи ги настрана гломазните амфори на автореференцијалност и навика, предвидливи решенија, но и одреден песимизам што непријателот на Бога и човекот секогаш се обидува да го наметне, особено на оние кои својот живот го направија дар за Бога.

Токму во светлината на Словото – објасни Папата – е можно да се согледаат Исусовите желби, а потоа повторно да се појде кон целите поставени од претпоставените.

Сведочење на Евангелието, грижејќи се за ближниот

Евангелието треба да се сведочи со тоа што ќе биде дар за другите, и тоа преку зборови, каритативни дела и братско присуство на нивните мали меѓународни заедници. Римскиот бискуп ги потсети монахињите на поттикот од Шарл де Фуко со целото свое битие да го проповедаат „евангелието од покривите“, да направат Исус да зрачи од целата нивна личност и да им се посветат на другите преку молитва, добрина и пример.

Да се грижиш за другите, да даваш на сиромашните без да чекаш да побараат; тоа се знаци на љубов кон Младоженецот, карактеристични одлики на вашата грижлива близина со последните, во кои Тој е присутен. Близина. Таа драгоцена близина во општество како нашето, и покрај изобилството ресурси, наместо да се умножуваат добрите дела, срцата како да се стврднуваат и затвораат. Близината е спонтана, тоа е важно, доаѓа од спонтаноста на срцето. Близина, близина.

Нежен предизвик за рамнодушноста

Папата ги поттикна монахињите на нежна близина за да бидат нежен предизвик за рамнодушноста и да сведочат за братството, со што го потсетуваат светот дека сите ние сме Божји деца.

Затоа постои срцето за сведоштво: Да се биде милостив, благ, смирен кон сите луѓе; тоа го научивме од Исус. Не биди борбен со никого.

Патот до Назарет

На крајот, љубовта кон сокриениот живот. Монахињите воспоставени дваесет години по смртта на Шарл де Фуко, по поттик на Магдалена Хутин и Ана Кадоре, папата Фрањо им рече дека патот на воплотувањето, патот до Назарет, е оној на кој Бог укажал со тоа што се соголил и станал мал, со цел да го сподели животот на најмалите. Истовремено, тој посочи дека патот на сокиреноста е Божји пат.

Тоа е убаво, тоа е важно: патот на сокриеноста е Божји пат. Вие не сте монахињи за реклама; колку повеќе сте скриени, толку сте побожествени. Продолжете да ја негувате сокриеноста, тоа е моќно пророштво за нашето време, кое изгледа погрешно од надвор. Изгледа како да живееме во култура на шминкање; сите се шминкаат; нормално е жените да го прават тоа, но сите, сите се шминкаат; да изгледаме подобро од што сме, а тоа не е од Господа.

Евангелска нежност

Скапоцената алатка за сеење мали бисери на нежност и евангелска нежност во светот – вака папата Фрањо ги опиша Малите сестри на Исус, охрабрувајќи ги да останат едноставни и дарежливи, заљубени во Христа и во сиромашните, и покрај недостатокот на звања, затворање на некои куќи, зголемување на просечната возраст на калуѓерките, бидејќи тоа ќе вроди со плод во догледно време.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот