Папата: Мигрантите не се случај за „размислување на маса“

Папата: Мигрантите не се случај за „размислување на маса“

Владите треба да преземат одговорност и да дадат делотворни одговори на драмата на мигрантите – напиша папата Фрањо во пораката упатена до Бланка Алкала, претседателка на латиноамериканскиот и карибскиот парламент, кои овие денови во Панама расправаат на темата миграција.

Владите треба да преземат одговорност и да дадат делотворни одговори на драмата на мигрантите; не можеме да останеме глуви на крикот на луѓето кои доаѓаат од нехумани услови – напиша папата Фрањо во пораката упатена до Бланка Алкала, претседателка на латиноамериканскиот и карибскиот парламент, кои овие денови во Панама расправаат на темата миграција во Латинска Амрика и Карибите. Папата во пораката истотака повторно упати апел против трговијата со луѓе. Проблемот со миграцијата за Папата секогаш е прашање на конкретност, односно не треба да се гледа толку на проблемот, туку на лицата, на раните на оние кои заради тој проблем страдаат секој ден.

Залудни се асептични анализи

Мигрантите не се случај за „размислување на маса“ – повторно истакна папата Фрањо. Не може да се заборави дека зад секој доселеник постои човечко битие со свој живот, култура, свои стремежи. Асептичната анализа – напиша Светиот Отец – дава стерилен резултат, додека односот со човек од крв и месо ни помага да ги спознаеме неговите длабоки лузни предизвикани со разумното или неразумното преселување. Не можеме да останеме на прецизна анализа, и на дебатите за идеи, туку треба да се впуштиме во пронаоѓање на решенија за тој проблем – рече папата Фрањо.

Три зборa

Папата ги поттикна владите да тргнат од анализа на реалноста. „Реалноста“ е – според неговото мислење – првиот важен збор за познавање на причината за миграција. Но, тоа истражување треба да биде блиску поврзано со склоноста за дијалог, кој пак помага во стапување во контакт со луѓето, односно со реални лица, поттикнува на солидарност со оние кои се лишени од основните права, и развива расположливост за прифаќање на оние кои доаѓаат од драматична и нехумана ситуација.

„Дијалогот“, вториот збор во размислувањето на Папата, го поттикнува третиот важен збор, а тоа е „заземање“, блиска соработка која е – како што истакнува Светиот Отец – потребна за одредување на делотворни и соодветни стратегии во прифаќањето на бегалците. Постигнувањето на договор меѓу страните – рече Папата – е вештина, грижлива, речиси незабележлива, но важна работа со цел утврдување на договор и норми.

Трговијата со луѓе е зло

Затоа локалните власти и меѓународната заедница треба да ги дадат сите елементи за да се обликуваат најдобрите договори, за доброто на многу луѓе – рече Папата и истакна – а најмногу оние кои страдаат на најчувствителните подрачја на нашата планета, како и во некои краишта во Латинска Америка и Карибите. Притоа повторно го упати често истакнуваниот апел да се укине злото трговија со луѓе кон кои – како што пишува – не може да се однесуваме како кон нешта или работи, затоа што секој од нив во себе ја носи сликата на Бог.

Голема е таа работа – истакнува Папата– потребни се мажи и жени со добра волја кои, со својата конкретна ангажираност, се способни да одговорат на тој крик кој доаѓа од срцата на мигрантите. Не можеме да останеме глуви на нивниот повик – истакна папата Фрањо во пораката до членовите на парламентот на Латинска Америка и Карибите.

Потсетуваме на крајот дека парламентот на Латинска Америка е меѓувладино регионално тело, постојано и еднодомно, кое го сочинуваат демократски избрани претставници на парламентот и законодавните групи на латинкоамериканските земји. Негото постојано седиште е во Панама, а службени јазици се португалскиот и шпанскиот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот