Папата: Меѓугенарациски дијалог, образование и работа се трите патишта за градење на траен мир
Претставена пораката на папата Фрањо за 55. Светски ден на мирот кој се одбележува на 1 јануари 2022 година со наслов „Меѓугенерациски дијалог, образование и работа: средства за градење на траен мир,“ со која папата Фрањо предлага три патишта за градење на траен мир.
Во пораката Светиот Отец се фокусира на три патишта за градење на траен мир – по пат на меѓугенерациски дијалог, образование и работа. Како што се наведува на почетокот на пораката, денес патот на мирот, кој свети Павле VI го нарекол со името целосен развој, за жал е одалечен од реалните животи на многу мажи и жени. И покрај бројните напори насочени на конструктивен дијалог меѓу народите загушувачката врева на војните и конфликтите е посилна. Болеста со пандемиски размери се шири, ефектите на климатските промени и деградацијата на животната средина се влошува, трагедијата на гладот и жедта е се поголема, а економскиот модел заснован на индивидуализмот, а не на солидарно делење и понатаму преовладува. Пораката на Папата започнува со цитирање на дел од Книгата на пророкот Исаија и тврди дека токму како во деновите на старите пророци, и во нашето време крикот на сиромашните и земјата непрестано се слуша, молејќи за правда и мир.
Во секоја доба, истакнува Папата мирот воедно е дар од висините и плод на заедничката посветеност. Светиот Отец за Светскиот ден на мирот 2022 година предлага три патишта за градење на траен мир, и тоа по пат на меѓународен дијалог како темел за остварување на заедничките проекти; образованието како фактор на слободата, одговорноста и развојот и на крајот работата како начин на целосно остварување на човечкото достоинство. Тие се три неопходни елементи за овозможување на создавањето на општествен сојуз, во спротивно секој проект на мирот се покажува незначителен. (…)
Секој искрен дијалог, со исправна и позитивна промена на гледиштето бара основна доверба меѓу учесниците. Мора да научиме како да ја вратиме ова меѓусебна доверба. Моменталната здравствена криза, пишува Папата го зголеми нашето чувство за изолација и склоност да се фасцинираме сами на себе. Осаменоста која ја доживуваат старите е слична на онаа која ја доживуваат младите обележана со чувството на беспомошност и недостаток на заедничка визија за иднината. Ова криза навистина беше болна, но исто така го извлече најдоброто од луѓето, потсетува Светиот Отец.
Дијалогот подразбира меѓусебно слушање, делење на различните ставови, доаѓање до договор и заедничко одење. Промовирањето на таквиот дијалог меѓу генерациите вклучува разбивање на тврдото и неплодно тло на конфликтот и рамнодушноста за да се посее семето на трајниот и заеднички мир. (…)
Од друга страна пишува Папата, прилика за заедничко градење на патиштата на мирот не можеме да го заобиколиме образованието и работата, кои се привилегирана средина и контекст за меѓугенерациски дијалог. (…)
Накратко, нагласува Папата подучувањето и образованието се темели на кохезивно цивилно општество кое е способно да создаде надеж, благосостојба и напредок. Од друга страна воените расходи пораснаа над нивото забележано кон крајот на Студената војна и изгледа како нагло да растат. (…)
Работата е незаменлив фактор во градењето и одржувањето на мирот. Таа е израз на нас самите и нашите дарови, но исто така и на нашето посветување, самовложување и соработка со другите, со оглед на тоа дека секогаш работиме со некој или за некого. (…)
Работата всушност е темелот на кој се гради правдата и солидарноста во секоја заедница. Од таа причина, напоменува Светиот Отец, нашата цел не би требало да биде технолошкиот напредок се повеќе да го заменува човечкиот труд, затоа што тоа би било штетно за човештвото. Работата е неопходна, таа е дел од смислата на животот на ова земја, патот за раст на човечкиот развој и лично исполнување. (…)
Папата Фрањо ја завршува својата порака за 55. Светски ден на мирот истакнувајќи ја желбата сите да ги обединат напорите за надминување на пандемијата и се заблагодари на сите оние кои великодушно и одговорно работат на подрачјето на образованието, безбедноста и заштитата на правата, нудат медицинска грижа, на оние кои овозможуваат средби на членовите на семејствата и болните и оние кои нудат економска поддршка на оние во потреба и оние кои останале без работа. Сите одговорни свештеници и пасторални работници како и мажи и жени со добра волја, Папата ги повика на заедничко одење со храброст и креативност на патот на меѓугенерацискиот дијалог, образованието и работата.
Ватикан њуз/к.мк