Примајќи ги во аудиенција членовите на Папската академија за живот папата Фрањо размислуваше за човечката потрага по смисла и рече дека односите со другите луѓе се во центарот на човековото постоење.
Во понеделник, 12 февруари 2024 година, папата Фрањо во аудиенција ги прими учесниците на Генералното собрание на Папската академија за живот, кое е фокусирано на тема: „Човекот. Значења и предизвици“.
Во своето обраќање Папата ја истакна важноста на напорите на Академијата да го истражи она што е посебност за човечкото битие.
Размислувајќи за распространетоста на технологијата во сите аспекти на човечкиот живот, тој истакна дека е невозможно да се исфрли технологијата од рака наспроти човековиот напредок.
Она што е потребно, рече Папата, е научното и технолошкото знаење да се смести во поширок хоризонт на значење и со тоа да се спречи хегемонијата на технократската парадигма.
Тој понуди пример за технологија која репродуцира различни аспекти на човечката личност, како што е обидот бинарниот код да се користи како дигитален јазик кој може да изрази секаков вид на информации.
Истакнувајќи ја очигледната паралела со библискиот извештај за Вавилонската кула, папата Фрањо рече дека Божјиот одговор на човечката желба да создаде еден јазик не е само казна.
Наместо тоа, продолжи тој, Бог го поистоветува човечкиот јазик како „еден вид благослов“ со цел да се спротивстави на тенденцијата да се принудат сите луѓе да мислат исто како другите.
На тој начин, рече Петорвиот наследник, човечките битија ќе се соочат со своите ограничувања и ранливост и ќе бидат охрабрени да ги почитуваат разликите и да покажуваат грижа еден за друг.
Папата Фрањо ги повика научниците и истражувачите секогаш одговорно да го исполнуваат својот повик, знаејќи дека нивниот творечки чин е подреден на Божјото создавање.
Вештачката интелигенција или „машините што зборуваат“, како што ги нарече тој, никогаш не можат да бидат исполнети со дух, затоа технолошкиот напредок мора да се постигне на таков начин што ќе го спречи уништувањето на она што е човечко.
Папата рече дека главна задача на антрополозите е да развијат култура која со интегрирање на ресурсите на науката и технологијата ќе може да го препознае и промовира човечкото битие во неговата или нејзината ненамалена специфичност.
Само човечките битија, додаде Папата, можат да ги согледаат и претворат овие емпатични размени во позитивни и корисни односи со другите, со помош на Божјата благодат.
Светиот Отец ја пофали Папската академија за живот, бидејќи се обидува да создаде интердисциплинарен дијалог каде истражувачите ќе можат да ги разменат своите ставови за технолошкиот развој.
Ја истакна сличноста на иницијативата со тековниот синодален процес во Црквата.
Тој процес е напорен, рече Римскиот бискуп, бидејќи вклучува внимание и слобода на духот, како и подготвеност да се оди на неистражени и непознати патишта, без да се гледа наназад.
На крајот, папата Фрањо рече дека христијанството може да понуди далекусежен аспект на технолошко-културeн дијалог.
Христијанството отсекогаш нудело важни придонеси, истакна Папата, впивајќи значајни елементи од секоја култура во која е вкоренето и реинтерпретирајќи ги во светлината на Христос и Евангелието, присвојувајќи ги лингвистичките и концептуалните извори присутни во различни културни средини.
Ватикан њуз/к.мк