Логика на Божјата љубов е логиката на дарување, логиката на милосрдието – истакна папата Фрањо во наговорот пред молитвата Ангел Господов на 24 септември 2017 година, на плоштадот Свети Петар.
Во своето размислување се фокусираше на делот од Евангелието според Матеј (20, 1-16), во кое Исус ја пренесуа параболата за работниците во последниот час. Со оваа парабола Господ sака да ни го сврти вниманието на две работи: Бог ги повикува сите да работат во неговото Царство и на крајот на сите ќе им даде иста плата, односно спасение, живот вечен.
Папата рече дека господарот на лозјето, кој го преставува Бог, бара работници во различен период од денот. На крајот од денот на сите им дава еднаков надомест заради што го обвиниле оние кои работеле цел ден, кои ја „претрпевме тегобата на денот и жегата“ (Мт 20, 12). А тој им одговори и му рече на еден од нив: Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј? Земи си го своето и оди си; и на овој, последниов сакам да му дадам колку и на тебе; зар немам право да чинам со своето, што сакам? Или ти е окото завидливо, оти сум добар? Така ќе бидат последните први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани“ (20, 13-16).
Навистина, таа „неправда“ на господарот служи како провокација, бидејќи Исус не сака да зборува за проблемот со невработеноста или праведната плата, туку за Царството Божјо – објасни Светиот Отец. А пораката гласи: Во Царството Божјо нема невработени, сите се повикани да го направат својот дел. И сите на крајот ќе примат плата која произлегува од Божјата, а не од човечката праведност: спасението кое Исус Христос го стекна за нас со својата смрт и воскресение. И тоа спасение не е заслужено, туку дарувано – рече папата Фрањо.
Папата рече дека Исус со таа парабола сака да ги отвори нашите срца за логиката на љубовта на Отецот која е бесплатна и великодушна. Станува збор за тоа да дозволиме да нè восхитат и импресионираат Божјите мисли и неговите патишта. Егоизмот и личната корист често го карактеризираа човечкото размислување и наште тесни и кривулести патишта не се споредуваат со Господовите широки и рамни патеки. Тој покажува милосрдие, великодушно простува, полн е со добрина која ја излева на секој од нас, на сите отвора бескрајни простаранства на својата љубов и милости кои единствено можат да му ја дадат на човечкото срце полнотата на радоста.
Исус сака да го набљудуваме погледот на господарот: погледот кој го гледа секој работник кој чека за работа и го повикува, и го испраќа во своето лозје. Тој поглед е полн со внимание и добрина, поглед кој повикува да станеме, да тргнеме на пат бидејќи за секој од нас сака живот: исполнет, ангажиран живот ослободен од празнина и невработеност. Бог никого не исклучува и сака секоја личност поединечно да ја постигне својата полнота – рече папата Фрањо, на крајот од наговорот.
После молитвата Ангел Господов, Светиот Отец го упати својот поглед кон САД. Имено, вчера во Оклахома за блажен е прогласен мисионерот Стенли Френсис Ротер, кој е убиен на 28 јули 1981 година, откако се вратил од Гватемала за да му служи на своето стадо, и покрај заканите за смрт и предупредувањата дека животот му е во опасност. Неговиот одговор гласел: „Пастирот не може да побегне од своето стадо.“ Папата истакна дека новиот блаженик е убиен од омраза кон верата заради својата евангелизациска работа и промовирање на човечкото достоинство на најсиромашните во Гватемала. Нека неговиот херојски пример ни поогне да бидеме храбри сведоци на Евангелието и да се залагаме за достоинството на човекот – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк