Папата: Литургијата е извор и врв на црковниот и личниот живот
По повод 17 меѓународен литургиски симпозиум на тема „Олтарот, неодамнешните наследства и новите прашања,“ Папата на учесниците им испрати порака.
Нека од размислувањата на симпозиумот уште повеќе созреат сфаќањата за Литургијата како извор и врв на црковниот и личниот живот полн со братство затоа што постојано е обликувана во училиштето на Евангелието – пишува папата Фрањо во пораката која ја потпиша кардиналот Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар, а која е испратена до основачите на заедницата Бозе, Енцо Бјанки, по повод 17 Меѓународен литургиски симпозиум на тема: „Олтарот, неодамнешните наследства и новите прашања.“
Меѓународниот литургиски симпозиум кој се одржува од 30 мај до 1 јуни е во организација на Манастирот Бозе и Националната канцеларија за културни црковни добра на Италијанската епископска конференција. Се работи за годишна средба на која научници и стручњаци од различни земји се соочуваат со прашања кои се поврзани со односот помеѓу Литургијата, архитектурата и уметноста. Олтарот беше главна тема на симпозиумот во 2003 година, а во центарот и на овогодинешниот. Целта е да се претстават најновите историографски наследства и соочување со новите прашања.
Ватикан њуз/к.мк