На Светскиот ден на сиромашните, 16 ноември 2025 година, Лав XIV ќе руча со 1.300 луѓе во потреба. Пред тоа, тој ќе ја предводи светата Литургија за Јубилејот на сиромашните.
Настанот е дел од собирот во рамките на Светата година, за кој во Рим ќе пристигнат околу 10.000 ходочесници од целиот свет. Тоа се главно луѓе во тешки животни околности, како и учесници во црковни социјални иницијативи.
Светата Литургија со Папата ќе започне во 10:00 часот во базиликата „Свети Петар“, по што ќе следи заеднички ручек во салата „Павле VI“ во Ватикан.
Папата Лав XIV ја продолжува традицијата на својот претходник. Папата Фрањо, кој го востанови Светскиот ден на сиромашните во 2017 година, исто така, вечераше со сиромашните неколку пати на тој ден.
Иницијативата има за цел да ја охрабри Црквата да „оди надвор од своите граници“ за да се соочи со сиромаштијата во сите нејзини бројни манифестации во современиот свет. Ова не е прв ваков гест од страна на сегашниот Папа: кон средината на август тој веќе ручаше со луѓе во потреба во Кастел Гандолфо.
Ватикан њуз/к.мк

