Папата Лав XIV телефонски разговара со премиерот на Шпанија

Папата Лав XIV телефонски разговара со премиерот на Шпанија

Папата Лав XIV изрази благодарност за присуството на кралот и кралицата на неговата свечена Литургија по повод почетокот на понтификатот, а премиерот ја обнови поканата за посета на Шпанија.

Во среда поладне, 11 јуни 2025 година, папата Лав XIV телефонски разговараше со Педро Санчез Перез-Кастехон, премиер на Кралството Шпанија. Канцеларијата за печат при Светиот Престол објави соопштение во кое се наведува дека за време на разговорот, Папата ја изразил својата благодарност за тоа што кралот Фелипе и кралицата Летиција допатувале во Рим за да учествуваат на светата Литургија со која започна неговата служба на Петровиот Престол.

Во разговорот биле вклучени и теми од заемен интерес за двете држави, како што се миграциската криза, потребата од градење мостови за решавање на тековните конфликти, како и заштитата на човечкото достоинство.

Премиерот Санчез Перез-Кастехон исто така ја обновил поканата до папата Лав да ја посети Шпанија, откако разговарале и за претстојната Четврта меѓународна конференција за финансирање во развојот, која треба да се одржи во јуни во Севилја, Шпанија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот