Канцеларијата за печат на Светиот Престол ги информираше новинарите дека папата Лав XIV примил телефонски повик од Махмуд Абас, претседател на Државата Палестина, во врска со најновите случувања во конфликтот на Блискиот Исток.
Во понеделник наутро, 16 март 2026 година папата Лав XIV прими телефонски повик од Махмуд Абас, претседател на Државата Палестина, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Разговорот се однесувал на „алармантните случувања во конфликтот на Блискиот Исток и на условите за живот на палестинскиот народ“, се вели во соопштението на Канцеларијата за печат.
Во текот на разговорот, според истото соопштение, Светиот Отец „ја потврдил посветеноста на Светиот Престол за постигнување мир преку политички и дипломатски дијалог, како и преку целосно почитување на меѓународното право“.
Ватикан њуз/к.мк

