Во петок, 22 август 2025 година, Папата Лав XIV во Ватикан го прими претседателот на Република Сејшели, г-дин Вавел Рамкалаван,.
Папата Лав XIV го прими претседателот на Република Сејшели, г-дин Вавел Рамкалаван.
Според соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, претседателот потоа се сретна со државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин, во придружба на монсињор Мирослав Станислав Ваховски, потсекретар на Светиот Престол за односи со државите.
„За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат“, се вели во соопштението, „беа истакнати добрите дипломатски односи меѓу Светиот Престол и Република Сејшели“.
„Вниманието“, продолжува текстот, „потоа беше посветено на одредени аспекти од политичката и социо-економската состојба во земјата“, особено „нејзината соработка со локалната Црква во врска со заштитата на животната средина, здравствената заштита и образованието, со посебен акцент на формирањето на младите луѓе на архипелагот“.
Накрајо, се заклучува во соопштението, имало размена на мислења за регионални и меѓународни прашања, „со нагласување на важноста од промовирање на дијалогот и соработката меѓу народите“.
Ватикан њуз/к.мк