Папата Лав XIV го нарече Уругвај „земја на млади луѓе кои имаат вера“

Папата Лав XIV го нарече Уругвај „земја на млади луѓе кои имаат вера“

Од балконот на Апостолската нунцијатура во Монтевидео, папата Лав XIV им се заблагодари на Уругвајците за топлото добредојде на првиот ден од неговото апостолско патување и упати посебен поздрав до младите кои се собраа пред Нунцијатурата.

По Вечерната во петок, 6 ноември 2026 година, со епископите, свештениците, ѓаконите, богопосветените мажи и жени и семинаристите во катедралата на Безгрешното зачнување и Светите Филип и Јаков во Монтевидео, папата Лав XIV се упати кон Апостолската нунцијатура, каде што престојува за време на посетата на Уругвај.

На крајот од својот прв ден во земјата, Светиот Отец ги изненади верниците собрани пред Нунцијатурата кога се појави на балконот и спонтано им се обрати.

„Гледам дека Уругвај е земја на млади луѓе кои имаат вера“, рече Папата.

Особено расположен поради присуството на голем број млади, тој ги повика да се огласат уште посилно.

„Каде се младите? Каде се младите на Папата? Погласно! Добра ноќ на сите“, рече папата Лав XIV, додека собраните одговорија со аплауз и извици.

Светиот Отец им се заблагодари за топлото добредојде што го доби во текот на целиот ден и изрази радост поради средбата со младите.

„Голема радост ми е што ве поздравувам и се надевам дека повторно ќе се видиме во наредните денови“, рече тој.

Папата потоа се пошегува со собраните.

„Нунцијот вели дека сака да оди да спие, но вие можете да пеете колку што сакате. Добро, можеби не премногу доцна, бидејќи и соседите ќе сакаат да спијат“, рече Светиот Отец.

Пред да се повлече од балконот, папата Лав XIV уште еднаш им се заблагодари на младите за нивниот ентузијазам, им го подели својот благослов и им посака добра ноќ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот