Со Бог, товарот на животот не останува на нашите плеќи. Тој ни дава сила за повторен почеток, за повторна изградба. Во центар на проповедта на Папата за време на светата Литургија, која ја служеше на плоштадот пред катедралата во Камерино, упати молитва до Бог на надежта, Бог кој е близок, но и повик секој да биде градител на добра и утешител на срца.
Во недела 16 јуни, на празникот Пресвата Троица, папата го посети местото Камерино, италијански град кој пред три години беше погоден од земјотрес. Обраќајки им се на светата Литургија која беше после повеќе средби и се служеше пред катедралата, Папата во проповедта зборуваше за надеж и близина. Поаѓајќи од зборовите на псалмот: Што е тоа човек, та се сеќаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш? (8,5), рече дека пред срушените куќи и рушевини мораме да си го поставиме прашањето: Што е човекот? Ако она што се гради може во еден момент да се сруши и надежта да заврши во прашина, што е човекот?
На таа несигурност која ја чувствуваме во себе и надвор од себе, одговара сигурноста која ни ја дава Господ: Тој се сеќава на нас – рече Светиот Отец и истакна: Се сеќава, ни враќа со срце, затоа што сме му во срцето. А тука на земјата, во брзина, премногу работи се забораваат, но Бог не нѐ остава во заборавот. Во Неговите очи никој не е безвреден, за Него секој има бескрајна вредност: Мали сме под небото и немоќни кога се тресе земјата, но за Бог сме скапоцени повеќе од било која друга работа.
„Сеќавањето“ е одлучувачки збор за животот – рече папата Фрањо и напомена: Да се сеќаваме дека сме Божја единствена и незаменлива деца ни дава сила да не се предаваме пред неволјите и да не бидеме тажни ископувајќи го она најлошото што изгледа како да нема крај. Лошите сеќавање доаѓаат и тогаш кога на нив не мислиме, и нѐ држат како затвореници. Господ е оној кој нѐ ослободува од нив, давајќи ни го Светиот Дух.
Тој ни е потребен, затоа што е Утешител, кој не нѐ остава сами пред товарот на животот – рече Папата и продолжи: Тој е оној кој го преобразува нашето ропско сеќавање и слободно сеќавање, раните на минатото и сеќавање за спасение. Во нас го прави она што Исус го направи за нас. Неговите рани кои се направени од злото, преку силата на Светиот Дух станаа канали на милосрдието; раните во кои свети љубовта Божја, која подигнува и воскреснува. Тоа го прави Светиот Дух кого го повикуваме во своите рани. Тој ги помажува лошите сеќавања со балзам на надеж, затоа што Светиот Дух е обновител на надежта.
Кога сме измачни и ранети, склони сме да направиме гнездо околу своите таги и стравови – рече Светиот Отец и додаде: Меѓутоа, Светиот Дух нѐ ослободува од нашето гнездо, ни дава да можеме да полетаме, ни ја открива прекрасната судбина поради која сме родени, хранејќи го нашиот живот со надеж која не произлегува како онаа од земските состојки, кој пред или покасно разочаруваат. Надежта која доаѓа од Светиот Дух е долготрајна. Не ѝ истекува рокот затоа што се темели на Божјата верност, не е оптимизам, се раѓа во длабочина на срцето и поттикнува сигурност дека ме скапоцени, затоа што сме љубени. Влева доверба дека не сме сами. Тоа е надежта која во внатрешноста остава мир и радост, независно од она што се случува надвор, и има силни корени и никаква бура во животот не може да ја искорени.
Денес го славиме празникот Пресвета Троица – рече Папата и истакна: Тоа не е теолошка загатка, туку величествено таинство на Божјата близина која ни вели дека горе на небото Бог не е осамен, далечен и рамнодушен. Тој е Отец кој ни го даде својот Син за да ни биде поблизок, да ни помогне да го носиме товарот на животот и ни го праќа својот Свет Дух, кој го спомнуваме секогаш кога го правиме знакот на крстот… Светиот Дух доаѓа како би ни дал сила, да нѐ охрабри и подржи во носењето на товарот.
Имено тој е стручњак за воскресение, подигнување и обнова – рече Папата и напомена: Повеќе сила е потребно за да се поправи, отколку да се изгради, повторно да се започне, отколку да се започне од почеток, за помирување, отколку за слога. Тоа е силата која ни ја дава Бог. Затоа, кој се приближува до Бог, тој не слегува од патот, туку оди напред, повторно почнува, се обидува повторно и повторно да гради. Денес дојдов тука како би бил блиску до вас и со вас да го молам Бог кој мисли на нас, како никој не би заборавил некој кој е во проблеми.
Го молам Бог на надежта, она што е нестабилно на земјата да не ја растресе сигурноста која ја имаме внатре, да поттикне конкретни гестови на близина – рече Папата и потсети: Поминаа скоро три години од земјотресот и можно е после првиот одѕив да попушти вниманието, и да се заборават ветувањата, да се зголеми фрустрацијата на оние кои гледаат како сѐ повеќе луѓе го напуштаат овој крај. Меѓутоа, Господ поттикнува да се сеќаваме, поправаме, обновуваме, тоа да го правиме заедно и никогаш да не ги заборавиме оние кои страдаат.
Што е тоа човек, та се сеќаваш на него? Бог кој се сеќава на нас, кој го оздравува нашето рането сеќавање помажувајќи нѐ со надеж, кој ни е близок како би нѐ подигнал одвнатре, нека ни помогне да бидеме градители на добра и утешители на срца. Секој може да направи малку добро, не чекајќи другите први да почнат. Секој може да утеши некој, не чекајќи неговите проблеми да бидат решени. Што е човекот? Тој е твојот голем сон, Господи, на кого секогаш се сеќаваш. Бог на секоја утеха, направи и ние да се сеќаваме дека сме на светот како би дале надеж и близина, затоа што сме твои деца – реча на крајот папата Фрањо.
к.мк