Папата: Католичките училишта ги обликуваат лекциите за живот

Папата: Католичките училишта ги обликуваат лекциите за живот

Во четвртокот, 1 декември 2022 година, папата Фрањо ја истакна посебната задача на католичките училишта во општеството, со порака дека тие не служат за мисионерската работа, ниту пак за исклучување на оние кои не веруваат.

Не станува збор за мисионерска работа, а најмалку за исклучување од нашите училишта на оние кои не мислат како нас“, рече Папата во пораката до учесниците на меѓународниот образовен конгрес во Марсеј. Напротив, станува збор за тоа дека училиштето ги обликува лекциите за живот во сите негови аспекти со пророчка компонента да се познаваш себеси, да сакаш и да бидеш сакан, рече Папата.

„За општеството образованието секако е неизбежна обврска и во многу случаи неопходен предизвик“, рече Папата, продолжувајќи дека затоа католичките училишта треба да се вклучат во дијалог со сите групи, со луѓето од верата, како и со оние кои не веруваат. Според него, пресудна е улогата на заедницата.

„Живееме во едно семејство, во една заедница, соодговорни сме, работиме заедно за општото добро, и покрај нашите разлики“, заклучи Папата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот