По повод Меѓународниот ден на борбата против насилството над стари лица, кој се одбележува на 15 јуни, папата Фрањо преку Твитер порака истакна за важноста да се почитува нивното достоинство и нивните слабости.
Пандемијата на болеста КОВИД – 19 покажа дека нашите општества не се доволно добро организирани за да дадат место на старите лица, со соодветна почит на нивното достоинство и нивните слабости. Каде нема грижа за старите лица, нема иднина за младите – истакна папата Фрањо во Твитер пораката по повод Меѓународниот ден на борбата против насилството над стари лица.
Папата на лицата од третото доба постојано им посветува внимание. Повеќепати го истакнува богатството кое во светот го внесуваат бабите и дедовците, против менталитетот кои сака да ги смета за товар и да ги исклучи од општеството. Старите лица се како стебла кои и понатаму даваат плод, и покрај годините, можат да дадат свој придонес богат со вредности за општеството и за потврдување на културата на живот – рече Светиот Отец во декември минатата година, примајќи ги во аудиенција членовите на италијанското Национално здружение на стари работници.
Постојано е силен неговиот повик на средба помеѓу генерациите, за продолжување на комуникацијата помеѓу дедовците, бабите и внуците, со поттик меѓусебно да си излеѐат во пресрет. Иднината е во дијалогот помеѓу старите и младите – објасни Папата на споменатата аудиенција.
Старите исто така се богато средство преку кои се пренесува верата. Тие се многу важна алка во воспитувањето на верата на децата и младите – истакна Папата сретнувајќи ги во јануари оваа година учесниците на Меѓународниот конгрес за пасторал со стари лица. Треба да се навикнеме да ги вклучуваме во своите пасторални погледи и да сметаме на нив, и тоа не само привремено. (…) Тие можат да бидат учесници во пасторалот за евангелизација, привилегирани сведоци на верната Божја љубов – додаде Папата.
Посебно во ова време на пандемија со болеста КОВИД – 19 старите лица се посебно погодени. Само во Италија околу 80% од жртвите се над 65 години. Папата често пати се моли за нив во ова тешко време, а тоа посебно го покажа со светата Литургија во домот Света Марта на 17 март, која за дедовците и бабите.
Би сакал денес да се молам за старите лица кои во овој момент страдаат на посебен начин, во многу голема внатрешна осаменост, а понекогаш и во голем страв – истакна Папата. Да го молиме Господ да биде близок со нашите дедовци и баби, со сите стари лица и да им даде сила. Тие ни даваат мудрост, живот и историја. И ние сме им блиску со молитвите – напомена Папата.
Ватикан њуз/к.мк