По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ја најави иницијативата „Да учиме од момчињата и девојчињата“, која ќе се одржи во салата Павле VI, благодарение на покровителството на Дикастеријата за култура и образование. Ова е начинот, објасни Светиот Отец, да се вратиме на чистите чувства како оние на децата
Пет деца, како претставници на петте континенти, се појавија во недела 1 октомври 2023 година, за време на пладневното обраќање, на прозорецот до папата Фрањо за да ја претстават иницијативата која – објасни Светиот Отец – ќе се случи попладнето на 6 ноември во салата Павле VI. на тема: „Да учиме од момчињата и девојчињата“, под покровителство на Дикастеријата за култура и образование.
Средбата е за да го покажеме сонот на сите нас: да се вратиме на чистите чувства како оние на децата. Зашто, кој е чист како дете, припаѓа на Царството Божјо. Децата нè учат на јасност на односите, спонтано прифаќање на странците и почит кон целото создание. Драги деца и сите вас, ве чекам за да учам и јас од вас!
На прозороецот од Апостолската палата со Папата беа 7-годишната Памела од Сирија и Григориј од Украина, земја разурната од војна која е во срцето на Папата. Потоа 10-годишниот Алесио од Бенин; 7-годишниот Алехандро од Гватемала и 9-годишниот Томас од Австралија, како претставници на повеќе од 6 илјади момчиња и девојчиња од различни делови на светот. Иницијативата ја промовира Заедницата Свети Егидиј, Cooperativa Auxilium и Фудбалскиот сојуз.
Ватикан њуз/к.мк