Телеграма во која се изразува сочувството на Светиот Отец поради авионската несреќа кај градот Покара во Непал, потпишана од државниот секретар на Папата, кардиналот Пјетро Паролин, е испратена на 16 јануари 2023 година, до претседателот на државата Непал, Бидја Деви Бандари.
Папата Фрањо изразува искрено сочувство до претседателот на државата и до сите повредени лица, со молитва за нивно закрепнување, препорачувајќи ги душите на починатите на милоста на Семоќниот.
Неговата Светост Папата Фрањо повикува божествен мир и благослов за сите оние кои жалат за загубата на најблиските, се вели во телеграмата потпишана од државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин.
Ватикан њуз/к.мк