„Длабоко ожалостен од вестите за пожарите во Грција“, папата Фрањо испрати до граѓанските и црковните власти во земјата телеграмата со сочувство, потпишана од државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.
Во неа Папата ја изразува својата „болка и солидарност на сите засегнати од таа трагедија.“ Папата Фрањо „ги доверува загинатите на милосрдната љубов на семоќниот Бог“ и ги охрабрува „граѓанските власти и учесниците во спасувачките операции да продолжат со своите напори за да им помогнат на настраданите.“ „За сите ожалостени“, папата Фрањо повикува „Божји благослов за утеха и сила.“
Ватикан њуз/к.мк