Папата испрати сочувство за жртвите во Пакистан и Авганистан

Папата Фрањо преку својот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин испрати телеграма со сочувство до апостолскиот нунциј во Пакистан по повод силниот земјотрес во таа земја, како и во соседниот Авганистан. Светиот Отец многу се натажи кога дозна за трагичната загуба на човечките животи – стои во пораката – и ја изразува својата искрена солидарност со сите кои се погодени од катастрофата.

Понатаму Папата ветува дека ќе моли за покојните, повредените и настраданите. На сите кои тагуваат и на лицата кои им помагаат на погодените моли за Божји благослов.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот