Во пораката за Кампања за братство, папата Фрањо го поттикнува бразилскиот народ во овој Велики пост да го остави на страна злопамтилото, гневот, насилството и осветата, зaтоа што тоa е неопходен услов за совладување на насилството.
Прошката е „средство“ ставено во нашите слаби раце за да постигнеме смирено срцето, мир – истакнува папата Фрањо во пораката упатена – како што пишува – до браќата и сестрите во Бразил, по повод Кампањата за братство и совладувањето на насилството, која во таа јужноамериканска земја се одржува секоја година, а започнува на Чиста среда. Папата вели дека понекогаш е тешко да се прости, и ги поттикнува Бразилците да го остават на страна злопамтилото, гневот, насилството и осветата, затоа што – вели – тоа е неопходен услов за совладувањето на насилството.
Кампањата за братство 2018
Спомнатата иницијатива веќе е традиционален настан во Великиот пост покренат од надбискупијата во Бразилија, со цел промовирање на културата на мирот, помирувањето и праведноста, а ова година се одржува на тема „Братството и совладувањето на насилството.“ Мотото на иницијативата гласи „Сите сте браќа.“
Божјата љубов видлива во сите средини и на сите настани
Желбата на папата Фрањо е да се направи Божјата љубов да стане видлива меѓу нас, во нашите семејства, во заедниците и во општеството, а ние да станеме протагонисти во совладувањето на насилството правејќи се гласници и градители на мирот. И тоа мир кој е резултат на интегралниот развој на сите луѓе – додава Папата – мирот кој се раѓа од новиот однос исто така со сите созданија. Мирот се гради ден по ден, трпеливо и милосрдно, во крилото на семејството, во динамиката на заедницата, во работните односи, во односнот кон природата. Станува збор за мали гестови на почитување, слушање, дијалог, тишина, наклонетост, прифаќање и интеграција кои создаваат простор на кој се вдишува братството – истакна Папата.
Едно Христово семејство
На крајот, во Христос сме едно семејство, родени од крвта на Крстот, нашиот спас – вели папата Фрањо и на крајот изразува надеж дека со заштитата на Нашата Пресвета Богородица од Апарецида, црковните заедници во Бразил ќе го навестуваат преобраќањето и денот на спасението за соживот без насилство, за таа цел одејќи по посебни патишта, во таа земја во која – според неодамна објавените податоци – се извршени 13% од направените убиства во целиот свет.
РВ/к.мк