Ги поздравувам браќата и сестрите од Источните Цркви кои денес слават Велигден. Заедно навестуваме: „Навистина воскресна!“ – рече Светиот Отец по Литургиското славење во црквата „ Светиот Дух“ во Рим, во неделата на 19 април 2020 година.
Денес на Втората воскресна недела, значајно беше да се слави Евхаристија овде во црквата „СВетиот Дух“ за која светиот папа Иван Павле II сакаше да биде светилиште на Божјото милосрдие – рече папата Фрањо пред молитвата Царице небесна и истакна: Одговорот на христијаните на животните бури не може да биде друго освен милосрдие, односно сочувствителна љубов меѓу нас и кон сите, а особено кон оние кои најмногу трпат и кои се напуштени.
Не лажна побожност и помош, туку сочувствување кое доаѓа од срцата. А Божјото милосрдие доаѓа од срцето на воскреснатиот Христос. Секогаш извира од раните на неговите гради, отворени за нас, на кои секогаш ни е потребна прошка и утеха. Нека христијанското милосрдие вдахне праведна поделба на добрата меѓу народите и нивните институции, за да се соочиме со моменталната криза на солидарен начин.
Ги поздравувам браќата и сестрите од Источните цркви кои денес слават Велигден. Заедно навестуваме: „Навистина воскресна!“ Во оваа време на искушенија, на посебен начин чувствуваме дека е голем дар надежта која доаѓа од воскресението на Христос! Посебно се радувам со источните католички заедници кои заради екуменски причини, Велигден го слават заедно со православните. Нека тоа братство биде утеха таму каде христијаните се малцинство – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк