Монсињор Мигуел Анхел Ајусо Гисот до сега беше секретар на Дикастеријата за меѓурегиски дијалог.
Папата Фрањо го именува шпанскиот епископ Мигуел Анхел Ајусо Гисот за претседател на Папскиот совет за меѓурегиски дијалог. Монс. Ајусо Гисот до сега бил секретар на таа дикастерија, а го наследува кардинал Жан Луис Туран кој почина минатата година.
Епископот Ајусо Гисот е роден во Севиља, Шпанија на 17 јуни 1952 година. За свештеник е ракоположен на 20 септември 1980 година и како мисионер комбонијанец делува во Египет и Судан до 2002 година. Во 1982 година во Рим на Папскиот институт за арапски и исламски студии – магистрира на арапските и исламските студии, а докторира од догматска теологија на универзитетот во Гранада во 2000 година. Од 1989 година бил професоr по исламологија, најпрво во Картум, потоа во Каиро и на Папкиот институт за арапски и исламски студии каде ја вршел должноста директор до 2012. Претседавал со разни средби за меѓурелигиски дијалог.
Почесниот папа Бенедикт XVI во 2012 година го именува за секретар на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, а папата Фрањо во 2016 година го именува за епископ. Познава исто така арапски, англиски, француски и италiјански јазик.
Ватикан њуз/к.мк