Светиот Отец папата Фрањо во саботата на 18 јули го именува д-р Џовани Батиста Доглиета за директор на ватиканската здравствена служба, т.н. Fondo Assistenza Sanitaria.
Пред д-р Батиста Доглиета таа функција ја извршуваше д-р Стефано Лорети.
Инаку, ватиканската здравствена служба дава здравствени услуги на вработените во Светиот Престол, во Римската курија и на гувернерите во градот држава Ватикан, а се финансира на начин што секој од вработените во Светиот Престол уплаќа дел од својот приход во ист фонд.
Претседателот на ватиканската здравствена служба монс. Луиџи Мисто во разговор за Ватикан њуз ја опиша мисијата на организацијата посебно истакнувајќи ја нејзината солидарна димензија. „Има луѓе кои никогаш не се разболуваат, но сеедно уплаќаат во фондот. Останатите кои се помалку среќни се разболуваат. Во некои случаи сметките за здравствена грижа на поединци од работните заедници се многу поголеми и во тој случај за нивнот лекување се користат и прилозите на оние кои не се разболуваат или имаат мали здравствени проблеми“, изјави монс. Луиџи Мисто.
Ватикан њуз/к.мк