Најмалку 19 лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Бронкс, Њујорк. Папата Франциско им изрази сочувство и близина со погодените.
Во недела, 9 јануари 2022 година, избувна пожар во станбена зграда во Њујорк. Има жртви на секој кат, соопштија официјални лица, а загинаа најмалку 19 луѓе, меѓу кои 9 деца. Повеќе од 30 лица се пренесени во болница.
Во телеграмата со сочувство до кардиналот Тимоти Долан, надбискуп на Њујорк, потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, папата Фрањо рече дека е тажен поради веста за разорниот пожар. Тој изрази искрено сочувство и ја вети духовна близина со погодените од трагедијата.
Погодените од пожарот, Светиот Отец ги довери на милосрдната љубов на Семоќниот Бог и се моли утеха и сила од Господа.
Ватикан њуз/к.мк