Во телеграмата потпишана од државниот секретар на папата, кардинал Пиетро Паролин до Апостолскиот нунциј на Хаити, папата Фрањо изрази сочувство по повод убиството на претседателот и ги осуди сите форми на насилство како средство за решавање на конфликтот.
Во телеграмата се вели дека Папата изразува сочувство на народот на Хаити и на сопругата на претседателот Јовенел Мозе, која исто така беше сериозно ранета и ја препорачува пред Господа. Папата Фрањо исто така истакна дека се моли за покојниот.
За потсетување, претседателот Мозе беше убиен на 53-годишна возраст кога влегоа напаѓачи во неговиот дом во средата, 7 јули. Неговата сопруга Мартина е ранета во нападот и моментално е хоспитализирана на Флорида, од каде доаѓаат вести дека се наоѓа во критична, но стабилна состојба.
Папата ја изрази својата тага и им посака на Хаити иднина на братска хармонија, солидарност и напредок.
Ватикан њуз/к.мк