Папата изрази сочувство за жртвите во Тексас

Папата изрази сочувство за жртвите во Тексас

Папата Фрањо упати телеграма со сочувство за масакарот кој минатата недела се случи на 5 ноември, кога вооружен маж влезе во Баптистичка црква во Сатерленд Спрингс, во американската сојузна држава Тексас, и започна да пука во луѓето кои се наоѓале внатре.

Во пукањето се убиени 26 луѓе, а околу дваесет беа ранети.

Во телеграата која ја потпишува Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец порачува дека е длабоко ожалостен заради загубата на живототите и тешките повреди кои ги предизвика тоа бесмислено насилство, изразувајќи притоа сочувство на семејствата на жртвите и ранетите членови на семејствата и на целата локална заедница. Исто така го повикува Господ наш Исус Христос да ги утеши сите тажни и да им даде духовна сила, сила на простувањето, надежта и љубовта која помирува и ќе ги надмине насилството и омразата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот