Папата изрази сочувство за авионската несреќа во Франција

Светиот Отец изрази сочувство и се придружува на жалоста на роднините на жртвите од авионската несреќа која се случи во среда 25 март на југот од Франција.

Папата моли за загинатите и ги доверува на Божјото милосрдие при што ја изразува својата длабока наклонетост кон сите погодени од трагедијата, како и оние кои помагаат во тешките услови. Освен тоа, Светиот Отец го моли Господ на сите да им подари утеха.

За жал при падот на Ербас А 320 на компанијата Џерман Вингс, нема преживеани. Авионот се урна во француските Алпи; Летал од Берселона кон Дизелдорф. Во него имало 144 патници, двајца пилоти и уште четири членови на екипажот.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот