Во недела, 7 август 2022 година, папата Фрањо ја изрази својата длабока болка во врска со тешката сообраќајна несреќа на автопатот А4 кај Брезнички Хум во Хрватска, во која загинаа полски ходочасници кои патуваа за Меѓугорје.
Со длабока болка ја примив веста за сообраќајната несреќа што се случи вчераутро во Хрватска. Неколку полски ходочасници кои отпатуваа за Меѓугорје загинаа, а има и многу поовредени. Богородица нека се застапува за сите нив и за членовите на нивните семејства, рече Папата во обраќањето пред верниците кои дојдоа на плоштадот Свети Петар во Ватикна ззаедно со Папата да молат Ангел Господов.
Во сообраќајната несреќа што се случи во саботата, на 6 август, околу 05.40 часот на автопатот А4 во правец кон Загреб, кога автобус со полски национални таблички кој превезувал патници на ходочастие во Меѓугорје излетал од патот. Загинаа 12 лица, од кои три свештеника и шест чесни сестри, а 32 лица се повредени.
Ватикан њуз/к.мк