Папата: Иднината им припаѓа на младите кои имаат крилја, но и корени

Папата се сретна со група млади кои се дел од движењето за брачна духовност кое e формирано во 1938 година во Франција. Ги повика во време на виртуелност и осаменост да ја негуваат заедницата затоа што „Бог спасува правејќи нѐ народ, негов народ“. Како Дева Марија која „станала и побрзала“ кај Елисавета, Папата ги поттикна младите да се грижат за другите и за сѐ што е создадено додека се подготвуваат за Светската средба на млади во Лисабон.

Секоја млада личност е надеж за Исус: надеж за пријателство, надеж за заедничко патување, надеж за заедничко послание. И затоа секој од вас е надеж и за Црквата, истакна папата Фрањо зборувајќи на движењето на млади Équipes Notre-Dame (Група на нашата Пресвета Богородица). Младите од тие групи имаат како цел, во согласност со начелата на католичката наука да растат во односот со Христос и со Дева Марија, како и во секојдневното послание. Секоја група ја придружува брачен пар и се сретнуваат за да се молат заедно, да споделуваат, да расправаат и да ги дефинираат целите кои треба да се остварат. Папата на аудиенцијата со младите своето обраќање го заснова на три збора кои се наоѓаат во самиот нивен назив: Заедница, Наша Пресвета Богородица и млади.

Заедница

Дар е да бидеш дел од заедница, семејство кое го сочинуваат семејства кои го пренесуваат живеењето на верата, истакна Папата, зборувајќи и на групата за таа димензија. (…)

Како што напомена папата Фрањо, сам можеби можеш да постигнеш некој успех, но тоа ќе биде без љубов, друштво, без припадност на народот, без непроценливото искуство: заедно да се сонува, заедно да се ризикува, заедно да се страда и заедно да се слави.

Затоа Папата повика на отворање, преземање на ризик, да немаат страв од другите. Секогаш ќе наидуваме на случаи на злоупотреба, неискреност и предавство, но проблемот не се наоѓа во заштитата на себе од другите, туку треба да се фокусираш на заштита на жртвите, нагласи Светиот Отец. Затоа Папата го фали изборот на младите за раст во заедница. Во оваа виртуелно време и осаменост во кои многу млади паѓаат, Папата поттикна групите заедно да одат напред, здружувајќи се и градејќи мостови.

Нашата Пресвета Богородица

Папата потоа се осврна на зборот „Notre-Dame“; нашата Пресвета Богородица во самиот назив на групата, што потсетува на личната побожност кон Дева Марија и на желбата да се следи нејзиниот пример – ставајќи се под нејзината мајчинска заштита“ – и подразбира нејзино привилегирано место во таинството на Христос и спасението. Како што истакна Светиот Отец, кога некој ја прима Марија во својот живот, никогаш не го губи центарот, а тоа е Господ, затоа што Марија никогаш не покажува на себе, туку на Исус и на браќата и на сестрите. Затоа да ги повикаме младите да се доверат на Пресвета Богородица. (…)

Подготовка за Светскиот ден на млади

Папата се потсети на геслото на следниот Светски ден на млади „ како стана во тие дни, отиде набргу во ридскиот крај,“ (Лука 1,39) Призна дека силно ја сака сликата на Марија која брза, која не губи време за да помогне.

„Да станеш заради служење, да излезеш да се грижиш за другите и за создаденото: тие се типични вредности за младите луѓе. Ве поттикнувам да ги практикувате додека се подготвувате за Светскиот ден на млади во Лисабон.“

Млади

На крајот последниот збор на кој се фокусираше папата Фрањо е „млади“, наведувајќи дека иднината им припаѓа на младите. Но, потребно е да се има крила за летање, сонување, создавање, како и корени за примање на мудроста од старите луѓе. Ако не сте во состојба да разговарате со бабите и дедовците, нема да можете да летате, предупреди Папата.

Возрасни: сведоци на слушање, дијалог, служење и молитва

Завршувајќи го својот говор, Папата се обрати на возрасните кои ги придружуваат на младите

„Мислам дека за вас е голема радост да ги примите и да ги придружувате овие млади луѓе. Бидете им сведоци, со понизност и едноставност. Сведоци на љубовта кон Христос и Црквата, сведоци на слушањето и дијалогот, сведоци на бесплатното и великодушно служење, сведоци на молитвата. Ви благодарам за вашето присуство покрај младите: на времето и грижата кои им ги посветувате.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот