Папата: Здравјето на луѓето пред економскиот интерес

Папата: Здравјето на луѓето пред економскиот интерес

Лекувањето на туморите и особено онколошката превенција треба да ги опфати сите, без да биде предмет на комерцијални интереси. Тоа беше апелот упатен од папата Фрањо до членовите на Италијанската лига за борба против заболувањата од тумор кои ги прими во аудиенција на 26 јуни 2017 година. Папата ја истакна важноста од близината до болните од рак и повика општествата да бидат сѐ повеќе инклузивни за болните.

Треба да се промовира менталитетот за превенција на заболувањата од тумор, рече папата Фрањо во своето обраќање до Италијанската лига за борба против заболувањата од тумор, истакнувајќи ја важноста на бројните волонтерски реалности кои се во помош за потребите на болните и нивните семејства и предупреди да се избегнува економскиот интерес, кога станува збор за здравјето на луѓето:

„Денес има голема потреба да се шири културата на животот. Вистинска народна култура, сериозна, достапна за сите, а не врз основа на комерцијални интереси. Особено, семејствата имаат потреба да бидат придружувани на патот на превенција; еден пат кој ги поврзува различните генерации во еден “пакт” на солидарност; еден пат кој валоризира искуството на оние кои веќе го поминале, заедно со своите блиски, при тешкотиите на онколошки заболувања”.

Грижата за болните и семејствата – продолжи Папата – „е сведоштво на кое црковната заедница е посебно посветена, живеејќи го суштествениот христијански бином смирението и тишината”. Папата истакна дека „периферија е секој маж и жена, кој живее во состојба на маргинализација, пред сè, кога болеста ги нарушува вообичаените ритми, како што е случја кај онколошките болести”.

„Грижата за другите – рече Папата – е непроценливо богатство за општеството: потсетувајќи ја севкупната граѓанска и црковна заедница дека не треба да се плаши од блискоста и нежноста”.

„Не на последно место, си дозволувам да истакнам бидејќи здравјето првостепено и основно богатство за секој човек, и е потребно онколошката превенција да ги опфати сите, благодарение на соработката меѓу јавните и државните услуги, иницијативите на граѓанските и милосрдни заедници. На овој начин, со вашиот специфичен придонес во овој сектор, можеме да ги претвориме нашите заедници да бидат повеќе инклузивни”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот