Лав XIV зборуваше за крајот на Првата светска војна, која заврши пред 127 години. За време на Генералната аудиенција на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, Папата повика на поголеми напори за постигнување мир.
Во своето поздравно обраќање, во среда 12 ноември 2025 година, до полските ходочесници, Лав XIV зборуваше за Првата светска војна. „Вчера го одбележавме крајот на „страшниот колеж“ од Првата светска војна. Потоа, многу нации, вклучувајќи ја и вашата, ја стекнаа својата независност. Да му благодариме на Бога за дарот на мирот!“
Цитат од папата Бенедикт XV.
Приближно 17 милиони луѓе ги загубија животите во Првата светска војна помеѓу 1914 и 1918 година – не само во Европа, туку и во Африка, Азија и Океанија. Папата Бенедикт XV ја опиша војната како „страшен колеж“ ( nutile strage) во апелот од 1917 година „до завојуваните народи“. Полска стана независна по завршувањето на војната во 1918 година, по повеќе од еден век поделба.
„Ништо само по себе не е подобро од мирот“, изјавил Свети Августин. Да го чуваме мирот со срце вкоренето во Евангелието, во дух на братство и љубов кон сопствената земја!
Темата за мирот е еден од најважните фокуси на новиот понтификат. Првите зборови кои Лав XIV јавно ги изговори пред шест месеци, веднаш по неговиот избор за Папа беа поздрав за мир и желба мирот „да ги достигне сите луѓе, каде и да се, сите народи, целата земја“.
Ватикан њуз/к.мк

